Вести

Германскиот трговски дефицит не е причина за паника

Извор: Tyler Cowen, колумнист на Bloomberg

07. Јули 2022, 11:11

Германија или ќе помине лошо или ќе направи пресврт. Јас би се обложил второто.

Германскиот трговски дефицит не е причина за паника

Bloomberg

Во мај, за прв пат по три децении, германскиот трговски суфицит исчезна. Не само затоа што увозниот гас е поскап, туку и затоа што побарувачката во Кина паѓа, што исто така не е добро за Германија. Како и да е, падот ќе биде полесен за менаџирање отколку што многумина мислат, вклучувајќи ги и Германците.

Со децении се истакнуваше важноста на германскиот трговски суфицит за просперитетот на земјата. Никој не вели дека се уште  верува во доктирините на меркантилизмот, но се уште има такви. На крајот, Германија е богата земја, и според продуктивноста и според човечкиот капитал  без разлика на плусот или минусот во трговијата.

За разлика од Германија, Австралија има трговски дефицит со децении, од 1975 до 2019. И во истите години стана едно од најдобрите места за живеење во светот.

Најдобар начин за размислување за трогвскиот суфицит е тој да се земе како дополнителен фактор за релативно високата стапка на штедење, затоа што на пример, поголемата потрошувачка на странската стока на крајот ќе го претоври суфицитот во дефицит, како што се случи со Германија. Понекогаш земјата треба да чепне во своите резерви, како што тоа сега го направи Германија за да ги задоволи енергетските потреби. Губењето на суфицитот нема посебно значење освен што е илустација дека Германија има потреба да плаќа повеќе за гасот.

Во периодот од 2011 – 2012 за време на еврокризата, многу коментатори гледаа на германскиот трговски суфицит како на извор за стабилна побарувачка кој обезбедува висока вработеност. Но, последната одредница за агрегатната побарувачка во Гермнаија е монетарната политика на ЕЦБ. Ако германскиот суфицит е висок, на пример, а ЕЦБ доволно затега, агрегатната побарувачка во Германија и натаму ќе паѓа. Влезот на земјата во дефицит предизвикува извесни компензации со кои ќе се ублажат почетните трошоци. На пример, вредноста на еврото паѓа во однос на доларот и наскоро може да се изедначат. Тоа ќе го поевтини германскиот извоз во многу делови од светот, што ќе ја зголеми побарувачката. Тие добивки веројатно нема да ги надоместат големите енергетски проблеми на Гермааија, но ќе бидат делумно обезбедување на стопанството.

Падот на кинеската побарувачка за германскиот извоз, заради последниот карантин, е несреќа. Но, можеби го најавува светот кој веќе беше на пат. Кина е производна сила во подем и на крајот веројатно ќе се заврти кон сопствените добавувачи. Кинеските ковид политики можеби ја забавија економската активност или го забрзаа оддалечувањето од германскиот извоз, но промената е видлива повеќе заради времето кога се случи отколку заради обемот. Германија сега има прилика да се прилагоди барајќи пазари во други делови од светот. Но, тука е тоа што би можело да биде најголем проблем за Германија -

самозадоволството. Во последните 20 години германскиот систем на основно образование има мешана изведба иако беа направени одредени подобрувања, а неговата инфраструктура веќе не се доживува како ефикасна или висококвалитетна. Сепак, реформата не беше императив, деумно затоа што на земјата добро и одеше.

Постои шанса сегашната криза Гермнаија да ја тргне од пасивноста. Во текот на историјата Германија успевала да извлече корист од некои многу лоши ситуации, како што успеа по разорувањата во Наполеонските војни и Втората светска војна.

Иматје на ум дека човечкиот капитал е најважната детемринанта за националното богатство, многу поважен од тековите на трговската сметка во кој било месец или година. Ако германските реформи ја зголемат способноста земјата да ги обучува своите ученици и да ги вработи своите луѓе, долгорочниот бенефит ќе биде многу голем.

Во моментов Гермнаија се соочува со многу проблеми одеднаш, есктремно високи цени на енергијата, потреба за спасување на некои од енергетските компании, судирот во Украина и ветувањето дека ќе ги зголеми трошоците за одбарана како и можните проблеми со Италија во еврозоната околу растот на трошоците за задолжување. Германија или ќе помине многу, многу лошо или ќе се извлече и ќе направи пресврт. Јас би се обложил на ова второто.

Во меѓувреме, погрешно е да се предава преголемо значење на тоа што земјата преминала од трговски суфицит во дефцит. Важно е прашањето дали Германија ќе ја искористи оваа прилика за својата економија да ја постави на одржлив колосек.

 

Рускиот гас е ризик за европското единство
Суровини

Рускиот гас е ризик за европското единство

Земјите од ЕУ се обидуваат заеднички да одговорат на она што го нарекуваат уцена од страна на рускиот претседател Путин. Но, нивните полемики почнуваат да ја одразуваат напнатоста која ги дели северните и јужните држави членки по финансиската криза.

27.07.2022

Сите новости од рубриката Коментар

Коментар

сите новости од рубриката Коментар