text size
Енергијата на ветерот можеби има тешка година, но сепак се уште е многу пати поевтина од нафтата или гасот и останува главен дел од сложувалката за енергетска транзиција. Едно вртење на 260 метри висока офшор турбина - Халиејд-икс (Haliade-X) на „Џенерал електрик“ (General Electric Co.), 13 MW , да бидеме прецизни, може да произведе доволно енергија за напојување на домаќинство повеќе од два дена, не емитувајќи јаглерод или други загадувачи.