Вести

Како да постапувате со вашите пари во време на рецесија?

Извор: Suzanne Woolley/Bloomberg

07. Август 2022, 11:29

Платите се зголемија, но не доволно брзо за да можат да се носат со предизвикот

Увидот во тоа на што трошите е најосновната ставка

Како да постапувате со вашите пари во време на рецесија?

Bloomberg Mercury

Прво пандемија, потоа мечкин пазар, а потоа највисока инфлација во последните четири децении... A сега зборот во главите на сите е „рецесија“. 

Во САД имаше класичен знак за економско забавување: два квартала на контракција на бруто домашниот производ. Но, тоа е придружено со здрав раст на платите, вработувања и континуирано трошење на потрошувачите...

Финансиската авторка, Кајла Сканлон, ова го нарекува „вајбецесија“ (vibecession), период во кој „економските податоци велат дека работите се во ред, но луѓето не се“. Во ова превртено опкружување, она што се чини дека е добра економска вест може да испадне лоша. 

Што правите за да се подготвите? 

● Прегледајте ги вашите навики за трошење и средствата за итни случаи

Увидот во тоа на што трошите е најосновната ставка во планирањето и можеби мислите дека веќе сте го опфатиле ова. Но, пандемијата на Ковид-19 и нејзините последици го направија буџетот на сите малку чуден. Во најлошите фази од заклучувањето, многу домаќинства формираа заштеди, еден вид на финансиски душек, благодарение на мерките за стимулација или едноставно неизлегувањето од дома. Со тие дополнителни пари, можеби сте си дозволиле некои нови трошоци. Во меѓувреме, сега се обновуваат и навиките за трошење од времето пред пандемијата, луѓето јадат во ресторани, резервираат патувања и притоа откриваат дека сите овие работи станале поскапи.

Навистина, и платите се зголемија, но не доволно брзо за да можат да се носат со предизвикот. Индексот на трошоците на животот во САД се зголеми за 9,1 отсто во јуни во споредба со претходната година. И стапката на заштеда кај Американците сега е најниска од 2009 година, според податоците на Министерството за трговија.

Колку и да е болно да се каже, повисока инфлација значи дека луѓето веројатно ќе треба да ги зголемат заштедите за итни случаи. Финансиските планери генерално велат дека минимумот со кој треба да биде исполнет резервниот фонд се износите на трошоците за три до шест месеци. Советничката за менаџирање, Мелиса Вајс, вели дека идеалниот износ е заштеда во готовина која ги покрива трошоците за една до две години. 

Но, заштедените износи губат вредност по инфлацијата. Сепак, поентата на фондот за итни случаи е да се купи „простор за дишење“ во рецесија, а не да се собира камата. 

Не мора сите пари за итни случаи да бидат веднаш ликвидни. Постои можност дел од вашите долгорочни парични средства да ги инвестирате конзервативно во ултракраткорочни заеднички фондови за обврзници.

Bloomberg
 

● Погледнете го вашиот капитален ризик

Правењето на драстични потези во вашето портфолио ретко е добар потег, но паметно е да се биде целосно свесен за ризиците кои се преземаат. Ако висок удел во капиталот ве прави вознемирени, можете да ребалансирате или едноставно да почнете да ја смалувате изложеноста преку распределба во вашите идни придонеси.

Ако вашето портфолио е малку потешко од вашата точка на удобност, можете да ги симнете работите надолу со постепено префрлање пари во портфолио со датум за пензионирање пет години порано. Согледувањето на бројките за тоа како би изгледале вашите финансии кога би требало да се пензионирате на 62, наместо на 65 или 67 години, може да даде дополнителен поттик да заштедите повеќе.

Младите инвеститори, исто така, можеби ќе сакаат да ги одмерат добрите и лошите страни на чувањето на голем дел од акциите. Општо прифатено стојалиште е дека можете да бидете агресивни во вашите 20-ти и 30-ти, бидејќи имате многу години пред вас. Но, времето до пензионирање не е единствениот фактор - размислете за безбедноста на работата. Во услови на рецесија, младите инвеститори кои се подготвени на ризик би можеле да се најдат погодени од двоен удар од пад на заштедите и изгубена работа.

Роб Арнот, основач на компанијата за управување со средства Research Affiliates, препорачува младите работници да инвестираат дефанзивно додека немаат доволно пари за да знаат оти нема да треба да допираат дел од нив неколку години. Идеалната скала за ризик е „да преземете низок ризик на почетокот на кариерата, да развиете толеранција на висок ризик во средината и подоцна во кариерата и да го намалите ризикот околу пет години пред пензија“, вели тој.

● Размислете за постабилни компании

Откако ќе го средите вашиот фонд за итни случаи и распределбата на средствата, можете да размислите за видовите акции што ги поседувате. За повеќето луѓе, разновидно портфолио изградено околу индексни заеднички фондови и фондови со кои се тргува преку размена, се чини сосема доволно. Нивните ниски трошоци обично добиваат предност пред активното собирање акции. Минатата година, речиси 80 отсто од американските капитални фондови го следеле индексот S&P Composite 1500 на широката американска берза, според S&P Dow Jones Indices.

Но, ако претпочитате фино прилагодување, постојат разумни начини да додадете стабилност на вашето портфолио во немирни времиња. На пример, можете да се насочите кон акциите на компаниите кои имаат готовински тек за плаќање дивиденди. 

● Совет за крај

На основно ниво, „еден од најдобрите начини да си помогнете да се движите низ рецесијата е да ги држите емоциите под контрола“, вели Никол Саливан, ко-основач на Prism Planning Partners. „Ако сте финансиски способни, тоа може да биде добро време да ја продолжите, па дури и да ја зголемите стапката на заштеда додека цените на средствата се пониски“, додава таа.

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра
Општо

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра

Зекири се товари дека спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договора за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт вредни скоро 1,5 милиони евра.

пред 1 час

Сите новости од рубриката Коментар

Коментар

сите новости од рубриката Коментар