text size
Компанијата „Кока-Кола“ не може да биде задоволна со резултатите од третиот квартал од 2024 година бидејќи потфрли во перформансите во однос на истиот квартал минатата година. Обемот на глобалната продажба се намали за еден процент, а нето-оперативниот приход од 11,854 милиони долари е намален за 0,8 проценти, што не е толку алармантно како намалувањето на вредноста на ЕБИТ од 23,2 проценти за истиот период. Поточно, ЕБИТ маржата е на ниво од 21,2 проценти, што е за 6,2 процентни поени помалку од истиот период лани. Ако загребеме под вредноста на разредениот ЕБИТ, „Кока-Кола“ е оптоварена со ставки што влијаат на споредливоста годинава бидејќи тие вклучуваат трошок од 919 милиони американски долари поврзан со преоценувањето на објективната вредност на стекнувањето на „Ферлајф“ (Fairlife, LLC) од 2020 година.