Општо

Дарко Панчев: Со регионална лига до поквалитетен фудбал

Автор: Ирена Каревска

05. Август 2022, 11:37

Мора повеќе да се вложува во фудбалот во земјава и во регионот

Ирена Каревска

Еден од најголемите македонски спортисти на сите времиња, фудбалскиот ас Дарко Панчев во денешното гостување на телевизијата „Блумберг Адриа“ говореше за состојбите во фудбалот во Европа и во регионот, главно од аспект на финансиите.

Според него, парите се добредојдени за секој спорт, но астрономските буџети на одредени европски клубови го расипуваат уживањето бидејќи не дозволуваат поголеми изненадувања во завршниците на првенствата.

Панчев вели дека мора повеќе да се вложува во фудбалот во земјава и во регионот и дека надлежните треба да овозможат поголеми олеснувања за компаниите што ќе инвестираат во спортот. Тој смета дека би било корисно доколку земјите од Адриа регионот формираат регионална лига како што има во кошарката и дека тоа би ги зголемило вложувањата и квалитетот на фудбалот.     

 

Сите новости од рубриката Останато

Останато

сите новости од рубриката Останато