Политика

Италијанската економија, лош подарок за добредојде за идната премиерка

Извор: Alessandra Migliaccio

22. Септември 2022, 12:25

Се очекува економијата да порасне за само 1 процент следната година

Се зголемува дефицитот и долгот, а се намалуват проекциите за растот

Драги не успеа, ќе биде ли Мелони успешна комбинација

Италијанската економија, лош подарок за добредојде за идната премиерка

Bloomberg Mercury

Ако партијат „Браќата на Италија“ и нејзинат коалиција победат на изборите во Италија во недела тогаш на лидерката Џорџија Мелони  нема да им треба дого време за да се соочат со исклучително лошите економски изгледи на земјат. 

Државните институции во моментот завршуват со ребалнсот на буџетот, задача што ќе ја заврши администрацијата на Владата со која се уште раководи Марио Драги кој даде оставка од функцијата. Во новите проекции се вметнати лошите изгледи за растот, долгот и дефицитот на земјата.

Според очекувањата на извори упатени во процесот, економијата ќе порасне за само 1 процент следната година, што е помалку од половина од предвидувањата во април кога се прокетираше раст од 2,4 проценти.

Bloomberg Mercury
 

Пониската прогноза за раст ќе има негативно влијание врз дефицитот. Тоа ќе го засили предизвикот за десничарската коалиција која најверојатно ќе биде формирана во неделите кои следуваат по изборите, се разбира доколку исходот од гласањето се совпадне со анкетите спроведени пред периодот на молкот.

Дури и тогаш, таквата перспектива останува далеку над консензусот за тоа колку лош раст навистина ќе има Италија. Истражувањето на 34 економисти спроведено од Блумберг покажува дека италијанската економија ќе забележи раст од само 0,4 отсто следната година, што ќе биде намалување од 3,3 проценти во споредба со тековната 2022 година.

Драги и министерот за финансии Даниеле Франко во последните неколку недели изјавуваа дека засега Италија може да избегне поголема економска катастрофа. Премиерот, исто така, истакна дека повисоките даночни приходи делумно поттикнати од забрзаната инфлација им дале мал поттик на јавните финансии.

Тоа може да биде мала утеха за новата влада, која ќе се соочи со влошена економска перспектива оптоварена со неизвесност. Руската инвазија на Украина, покачувањето на цените на енергијата, неконтролираната инфлација и зголемувањето на каматните стапки беа лоша комбинација за италијанскиот раст.

Поради пониските очекувања секако ќе се намали и фискалниот простор за интервенции со кои може да им се помогне на семејствата и бизнисите да се справат со актуелната криза, освен ако политичарите не прибегнат кон зголемување на огромниот долг на земјата. Италија досега има потрошено околу 66 милијарди евра (65,4 милијарди долари) за заштита на својата економија.

Мелони вети дека ќе ги држи под контрола јавните финансии, но исто така вети дека ќе ги заштити Италијанците од најлошото енергетско сценарио. Со зголемување на трошоците и без видлив крај на ценовните притисоци, тоа ќе биде тежок „залак“ за идната премиерка.

Дури и само продолжување на даночните олеснувања за компаниите кои трошат многу енергија до месец декември би чинело речиси 5 милијарди евра, вели еден од изворите на Блумберг. Можеби ќе бидат потребни околу 30 милијарди евра многу наскоро само за да се задржи трошењето на сегашното ниво, а ветувањата на политичарите за време на изборната кампања може да ја подигнат оваа бројка, тврдат тие.

 

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра
Општо

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра

Зекири се товари дека спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договора за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт вредни скоро 1,5 милиони евра.

пред 3 часа

Сите новости од рубриката Останато

Останато

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра
Општо

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра

Зекири се товари дека спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договора за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт вредни скоро 1,5 милиони евра.

пред 3 часа

сите новости од рубриката Останато