Берзи

Потрес на светските берзи по одлуката на ФЕД

Извор: Brett Miller/Bloomberg

22. Септември 2022, 08:55

Акциите во средата паднаа во Кина, Јапонија и Јужна Кореја

S&P 500 преку ноќ падна за повеќе од 20 отсто, под рекордното ниво во јануари

Акциите во Хонгконг се упатија кон најниските нивоа што не се забележани од 2011 година

Потрес на светските берзи по одлуката на ФЕД

Bloomberg

Падот на берзите се продлабочи во азиското тргување бидејќи изгледите за благо економско забавување се помрачија откако Федералните резерви (ФЕД), централната банка на САД, одново ги зголеми каматните стапки за 75 базични поени и сигнализираше натамошно агресивно затегнување на монетарната политика.

Акциите во средата паднаа во Кина, Јапонија и Јужна Кореја, додека фјучерсите во САД се слизнаа откако S&P 500 преку ноќ падна за повеќе од 20 отсто, под рекордното ниво на кое беше во јануари. Кинеските технолошки акции го предводеа падот, при што најсилните акции во Хонгконг се упатија кон нивните најниски нивоа што не се забележани од 2011 година.

Доларот се тргуваше близу рекордно високо ниво, додека јенот накратко ослабна, па за првпат од 1998 година беа потребни 145 јени за долар, иако Банката на Јапонија задржува ултра лабава монетарна политика. Двогодишните приноси на трезорските обврзници се искачија над 4 отсто, на највисоко ниво од 2007 година, бидејќи инвеститорите се уверени дека ќе следуваат дополнителни зголемувања на каматните стапки во САД. 10-годишниот принос врати дел од загубите, но на него сè уште се одразува загриженоста од рецесија.

Инвеститорите дополнително беа погодени од ескалацијата на руската војна со Украина и тензиите меѓу Пекинг и Тајван.

„По првичната нестабилност во првите неколку часа по објавата за зголемување на каматните стапки од ФЕД, пазарот очигледно застана на страната на американскиот долар, кој нуди подобра привлечност и безбедно прибежиште, бидејќи стравувањата од забавување на американскиот и глобалниот економски раст стануваат сè поприсутни“, вели Дејвид Крој, стратег во Australia & New Zealand Banking Group.

Проекции за монетарната политика на Федералните резерви / Bloomberg
 

Џером Пауел вети дека ФЕД ќе ја заузда инфлацијата и рече дека функционерите се „екстремно решени“ да ја спуштат на 2 отсто, додавајќи дека „ќе продолжат да го прават тоа додека не се заврши работата“. Тој алудираше на „Keeping at It“, насловот на мемоарите на Пол Волкер, поранешниот шеф на ФЕД.

Серија состаноци на централните банки се очекуваат и на азискиот пазар. Тајван, Индонезија и Филипините денеска треба да добијат вести за понатамошно зголемување на каматните стапки.

„Во однос на Азија, мислам дека исходот од потезите на Федералните резерви веројатно ќе биде дополнителен притисок врз ризичните средства“, изјави Клара Чеонг, стратег за глобалниот пазар во JPMorgan Asset Management, за радиото Bloomberg. „Силниот долар би можел особено да им наштети на извозно ориентираните компании“, посочи таа.

Еврото беше околу најниското ниво во последните дваесет години. Јужнокорејскиот вон ослабе над прагот од 1.400 вони во однос на еден американски долар за прв пат од 2009 година, а јуанот ослабе иако Кина држи повисока референтна стапка за валутата рекордни 21 ден по ред.

Златото падна на речиси најниско ниво во последните две години и беше на работ на мечкин пазар. Нафтата се тргуваше близу 83 долари за барел, а биткоинот беше под 19.000 долари.

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари