text size
Извесно е дека во текот на септември годинава ќе има олабавување на монетарната политика во САД и во Европа односно дека Европската централна банка (ЕЦБ) и Федералните резерви на САД (Фед) ќе ги намалат референтните каматни стапки, што би требало да поттикне намалување на трошоците за задолжување односно пад на каматите на комерцијалните кредити. Со оглед на тоа што трошоците за задолжување играат битна улога во работењето на компаниите, нивните инвестиции и профитните маржи, анализиравме како очекуваното намалување на каматите би можело да влијае на пазарот на капитал односно кои акции би можеле да остварат раст во, условно кажано, новото монетарно опкружување.