Еврото вчера падна за 0,3 отсто. Со тоа заедничката европска валута прокнижи пад под паритетот и нејзината вредност се спушти на ниво од 0,9901 американски долари за едно евро. Toa претставува најниско вредносно ниво на европската валута во последните две децении, поточно од 2002 година.
За прв пат до паритет на овие две валути дојде пред повеќе од еден месец, односно во средината на јули.
EURUSD:CUR
EUR-USD X-RATE
0,9925 USD
-0,00180 -0,18%
почетна цена
0,9943
претходна цена на затворање
0,9943
промена од почетокот на годината
-12,6737%
дневен опсег
0,99 - 1,00
опсег на 52 недели
0,99 - 1,19
На падот на вредноста на еврото влијае стравот од забавување на економските активности и зголемената неизвесност околу тоа дали Западна Европа ќе обезбеди доволно залихи на енергенси за претстојната зима. Ако не успее во тоа, на повидок се катастрофални економски последици. Покрај тоа, Европската централна банка ја заострува монетарната политика во борбата против инфлацијата.
Прочитај повеќе

Еврото падна под вредноста на американскиот долар
Европската валута падна на ниво од 0,99945 американски долари
22.08.2022

Со падот на еврото лошо им се пишува на валутите од Централна Европа
Трговците се исплашени за унгарската форинта, полската злота и чешката круна повеќе од кои било други валути на новите пазари.
08.08.2022

Хеџ фонд со смел облог дека еврото ќе падне на 0,8 долари
Наместо зајакнување на доларот, би можеле да видиме пад на еврото, смета Едуар де Ланглејд, основач на хеџ фондот ЕДЛ Капитал.
27.07.2022
Рускиот енергетски гигант Газпром во петокот најави дека на крајот од месецов ќе ја запре испораката на природен гас преку Северен Тек 1 поради ремонт на гасоводот. Според најавите, испораката ќе биде стопирана на три дена.
Дополнителен проблем во снабдувањето со енергенси за Европа претставува и оштетениот гасовод од Казахстан, кој поминува преку Русија. Поради тоа, испораката преку тој гасовод сега се врши со намален капацитет.
Индексот PMI, кој претставува индикатор за набавките, е всушност добар показател за економските активности. Тој индекс во август падна на 49,2 од претходните 49,9 поени колку што изнесуваше во јули. А, кога PMI е под 50 индексни поени тоа е индикатор за забавување на активностите. Според прелиминарните податоци, економската активност во август е најниска од јануари 2021 година, кога беше под сериозен удар од Ковид кризата.
За зајакнување на вредноста на доларот во однос на еврото придонесува и агресивната борба на американските Федерални резерви (ФЕД). Имано, побарувачката за доларот се зголемува во пресрет на симпозиумот на банкарите од централните банки во САД, кои треба да одлучат за висината на новото зголемување на референтната каматна стапка.
Andrej Knez
„На краток рок, односот евро/долар може да наиде на силен отпор на ниво од околу 0,98, после што има потенцијал да падне до ниво од 0,95 амрикански долари за едно евро. Но, тука не смее да се заборави дека ФЕД ќе се интересира за економската активност, каде што силниот долар дополнително ги комплицира работите“, оценува Андреј Кнез, главен аналитичар на Блумберг Адриа.