text size
Сонцето си ја завршува работата. На чист и евтин начин произведува струја на местото на некогашниот рудник за јаглен во Осломеј, Кичевско. На површина од 24 хектари се поставени стотици реда панели, кои се поврзани на преносната мрежа и произведуваат обновлива енергија уште од март оваа година. Во тек е процесот на финално тестирање, кој се очекува да заврши најдоцна до декември.