Фјучерсите за какао се упатуваат кон неделен пораст бидејќи сувото време во Западна Африка го загрозува производството за следната сезона, оптоварувајќи ги веќе ограничените глобални резерви.
Најактивниот договор порасна дури за 1,3 отсто, на 5.264 фунти (6.082 евра) за тон во Лондон. Фјучерсите неделава се зголемија за околу 1,7 отсто, закрепнувајќи од најниското ниво во последниот повеќе од еден месец.
Bloomberg Mercury
Прочитај повеќе

Уште една слаба жетва на какао во Западна Африка ќе ги одржи цените високи
Голем дел од Западна Африка, дом на најголемите светски производители на какао, се соочува со уште една разочарувачка жетва.
04.08.2025

ББА анализа: Како ќе се движат цените на кафето?
Цените на Робуста од почетокот на годината досега се намалија за 27 проценти, а на Арабика за 12 проценти.
17.07.2025

Жешки цени на суровото какао во светот, чоколадите во Македонија – замрзнати
Цената на какаото е многу нестабилна, со дневни промени и до пет отсто.
15.04.2025

Скапото какао ги доведува најстарите европски производители на чоколадо до банкрот
Во услови на долгогодишни високи цени на какаото, повеќе познати европски производители на чоколадо се на работ на егзистенција.
28.02.2025

За да ги намали трошоците, „Нестле“ ќе става повеќе бисквити наместо какао во производите
За да го зголеми историски ниското ниво на продажба, „Нестле“ ќе ги поскапи производите, но и ќе штеди на какао, а ќе става повеќе наполитанки и бисквити во нив.
13.02.2025
И покрај неодамнешните дождови, сушата сè уште покрива речиси една третина од најголемиот светски производител на какао, Брегот на Слоновата Коска, според Африканскиот монитор за поплави и суша. Дополнително, повеќе од половина од Гана се соочува со услови на суша.
„Континуираните неоптимални временски услови и континуираниот недостиг од дожд во Западна Африка веќе укажуваат на доста лош крај на главната жетва, која е пред почеток“, се наведува во извештајот на хамбуршкиот трговец „Хансиатик коко енд комодити офис“ (Hanseatic Cocoa & Commodity Office).
Трговците се надеваат на претстојната жетва, која започнува во октомври, за да го ублажат ограничувањето на снабдувањето по слабата средна жетва во Брегот на Слоновата Коска. Водечкиот трговец „Каргил“ (Cargill Inc.) го запре мелењето какао во земјата поради лош квалитет на зрната со невообичаено високи нивоа на отпаден материјал, објави „Блумберг“ минатата недела.
Во рамките на денешното тргување цените на какаото пораснаа за 0,7 проценти, како на берзата во Лондон, така и со терминските договори во Њујорк, додека цената на кафето арабика се зголеми за 0,5 проценти.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...