Планираните царини од 25 проценти на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на автомобили ќе им наштетат на автопроизводителите во светот и ќе ги зголемат цените за американските потрошувачи. „Порше“ и „Мерцедес“, на пример, се во ризик да изгубат 3,7 милијарди долари. „Хјундаи“ и „Киа“, пак, можеби ќе треба да плаќаат и до седум милијарди долари секоја година, што инаку претставува речиси 40 проценти од вкупната оперативна добивка што двата производитела на автомобили ја заработија во 2024 година. Полесно нема да е ниту за другите автомобилски гиганти. И меѓу многуте губитници, се издвојува еден победник - „Тесла“ на Илон Маск.
Златната треска ги зафати Македонија и регионот Адрија
Континуираниот раст на вредноста на златото во изминативе неколку години кулминира во март годинава, кога цената на благородниот метал првпат во историјата ја надмина психолошката граница од 3.000 долари за унца. Цената на златото забрзано расте поради зголемената побарувачка поттикната од геополитички превирања, кои се закануваат да ја променат од корен светската економија.
Со оглед на тоа што во светот очигледно се разгорува златната треска, проверивме какви се трендовите во земјите од регионот Адрија односно колку централните банки и граѓаните од регионот се зафатени од неа.
ББА-коментар: Цените на бакарот ќе растат
Очекуваме раст на цените на бакарот како резултат на воведувањето царини од страна на САД, бидејќи САД се една од клучните географски области што ја формираат побарувачката за бакар, особено сегментот поврзан со изградбата на информативни центри (центри за податоци), како и постројки за производство на енергија од одржливи извори. Разликата во цените на бакарот на Њујоршката берза и другите релевантни берзи (LME и SHFE) се зголеми како резултат на зголемената побарувачка од САД за да се вршат тргувања пред воведувањето на тарифата (front-running).
Трамп се закани со нови царини за ЕУ и Канада ако се здружат против САД
Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе се воведат дополнителни царини за Европската Унија и Канада ако тие работат заедно „за да им нанесат економска штета“ на САД.
Во објава на социјалната мрежа Трут (Truth Social) Трамп наведе дека големи царини, „многу поголеми од планираните“, ќе бидат воведени кон овие земји при развој на такво сценарио. Еврото накратко намали малку од добивката, а канадскиот долар падна.
Коцкањето не е веќе злобен брат близнак, брокерите нудат спортско обложување
Многумина не беа изненадени кога популарната онлајн брокерска компанија „Робинхуд маркетс“ објави дека ќе понуди предвидувања за спорт и други пазарни деривати, почнувајќи со обложување за кошаркарските натпревари од турнирот „Марч меднес“, на кој играат екипите од колеџите во САД (NCAA March Madness).
Според едно неодамнешно истражување, 22 отсто од Американците и речиси половина од мажите на возраст од 18 до 49 години се обложувале на спорт преку интернет. Веројатно е дека повеќето од 25-те милиони корисници на „Робинхуд“ (од кои околу 11 милиони се активни) веќе учествуваат во спортско обложување, а можеби учествуваат и на други пазари за предвидување.
„Опен еј-ај“ на прагот од рекорден круг на финансирање од 40 милијарди долари
„Опен еј-ај“ (OpenAI) е на прагот на рекорден круг на финансирање во вредност од 40 милијарди долари, предводен од „Софтбанк“ (SoftBank) и вклучувајќи неколку големи инвеститори.
Според податоците на истражувачката компанија „Пичбук“ (PitchBook), ова би било најголемиот круг на финансирање на сите времиња за развивач на вештачка интелигенција. Со оваа зделка, вредноста на компанијата, вклучувајќи ги собраните средства, би била проценета на 300 милијарди долари – речиси двојно повеќе од последната процена во октомври, кога „Опен еј-ај“ собра средства врз основа на процена од 157 милијарди долари.