И доцна ноќеска летовите кон вториот најголем аеродром во Германија беа пренасочени поради тоа што повторно беа регистрирани дронови, што ги натера властите да ги суспендираат операциите. Ова се случи само неколку часа откако беше смирена слична состојба затоа што и во петокот наутро аеродромот беше затворен.
Аеродромот ги ограничи летачките операции до понатамошно известување како мерка на претпазливост поради непотврдените дронови, изјави портпарол на аеродромот преку е-пошта.
Летови од лондонски Хитроу, Ланзароте и Лисабон беа пренасочени назад или кон други аеродроми, според податоци од тракерот FlightRadar24. AirNav Radar, друг тракер за летови, издаде известување до пилотите дека воздушниот простор е затворен поради забележани на дронови.
Прочитај повеќе

Дронови привремено го затворија аеродромот во Минхен
Аеродромот бил затворен во четвртокот навечер кога биле забележани дронови
03.10.2025

Европа заостанува во војната со дронови – нема доволно противвоздушна одбрана
Зголемените руски упади со дронови ја принудија Европа да гради „ѕид од дронови“, но недостигот од пари и технологија ја одложува реализацијата.
01.10.2025

Данска истражува дали нападите со дронови се поврзани со Русија
Данска истражува можна руска вмешаност по вториот напад со дронови оваа недела, додека властите се подготвуваат за нови инциденти.
25.09.2025

Во што вложува македонската одбрана - хеликоптери, беспилотни летала
Буџетот за одбрана од 2020 година е зголемен за над 190 милиони евра.
16.09.2025
Претходниот ден, операциите во Минхен се нормализираа во 5 часот наутро по локално време, откако беа приземјени 17 авиони кои поаѓале и пренасочени 15 пристигнувања кон Штутгарт, Нирнберг, Виена и Франкфурт.
Нарушувањето во Минхен следи по неодамнешни инциденти со дронови низ Европа, кои предизвикаа привремени затворања и пренасочувања на големи аеродроми, вклучувајќи ги Копенхаген и Осло, и ги поттикнаа властите да предупредат на софистицирани оператори и пошироки безбедносни импликации. Бран од воздушни упади предизвика разговори во Европската Унија за изградба на „ѕид од дронови“.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...