Ирански вооружени чамци во средата отворија оган кон два брода во Ормускиот Теснец, додека Техеран ја задржа контролата врз клучниот енергетски премин, а два негови супертанкери за нафта ја тестираа американската блокада.
Британската служба „УК Маритајм“ (UK Maritime Trade Operations), поморска врска со бродската индустрија, објави на Х дека во теснецот биле нападнати товарен и контејнерски брод. Во меѓувреме аналитичката компанија „Вортекса“ (Vortexa) соопшти дека Иран префрлил супертанкери во Арапско Море, подрачје во кое САД настојуваат да го блокираат иранскиот поморски извоз.
Подоцна во средата иранската државна телевизија објави дека Исламската револуционерна гарда запленила два брода - „МСЦ Франческа“ (MSC Francesca) и „Епаминондас“ (Epaminondas) - во Ормускиот Теснец и ги спровела до брегот.
Прочитај повеќе
Хаос и неизвесност во Ормускиот Теснец: закани, пукање и прекини
Ормускиот Теснец повторно е затворен по само 24 часа „отворање“ - пукање врз танкери, хаос на море и милиони барели нафта заглавени во Персискиот Залив.
20.04.2026
Грчки и индиски танкери нагло свртија пред Ормуз, има сомнежи за отворањето на теснецот
Сопствениците на бродови и трговците со нафта остануваат збунети, обидувајќи се да утврдат дали Иран ќе се придржува до своето ветување да го држи теснецот отворен за сите.
18.04.2026
Иран ќе ја стопира пловидбата низ Ормуз за да не ги загрози мировните преговори
Иран размислува за краткорочна пауза на испораките преку Ормускиот Tеснец за да избегне тестирање на американската блокада и да не ја загрози новата рунда мировни преговори, велат анонимни извори блиски до власите во Техеран.
14.04.2026
Брод од Западна Европа за првпат од почетокот на војната мина низ Ормускиот Теснец
Забележано е прво поминување на брод поврзан со Западна Европа откако војната речиси го затвори Ормускиот Теснец.
03.04.2026
Управителите на двата брода, наведени во меѓународната бродска база „Еквасис“ (Equasis), не одговорија веднаш на барањата за коментар.
Овие потези го нагласуваат агресивниот став на Техеран под американски притисок во момент кога разговорите меѓу двете страни се во застој. Истовремено, тие ја покажуваат сложеноста на решавањето на конфликтот што, според водечки трговци, избришал една милијарда барели нафта од понудата.
Двата супертанкери што влегоа во Арапско Море се идентификувани како „Хиро II“ (Hero II) и „Хеди“ (Hedy). „Вортекса“ користела сателитски снимки за да ги следи двата ирански танкера за сурова нафта, кои, според компанијата, влегле во областа на 20 април. Тие заедно можат да превезуваат до четири милиони барели нафта.
Уште еден ирански супертанкер, „Диона“ (Diona), се чини дека се вратил назад откако влегол во Арапско Море од Ормускиот Теснец, изјави коосновачот на „Танкер тракерс“ (TankerTrackers.com), Самир Мадани.
Иран го затвори Ормускиот Теснец кратко откако беше нападнат од САД и Израел кон крајот на февруари.
Вашингтон првично одговори така што дозволуваше иранската нафта да продолжи да стигнува до купувачите, во обид да го спречи наглиот раст на цените на нафтата. Тактиката ја смени на 13 април, кога воведе сопствена блокада врз целиот ирански поморски сообраќај.
Но излегувањето на натоварените танкери ги покажува тешкотиите во спроведувањето на тие мерки, кои претседателот Доналд Трамп ги опиша како „огромен успех“, како и во притисокот врз иранскиот режим да направи отстапки.
Од почетокот на американската блокада, американската морнарица заплени товарен брод поврзан со Иран и изврши претрес на санкциониран нафтен танкер во водите источно од Шри Ланка, со што ја прошири зоната на дејствување. Најмалку 28 пловила биле вратени назад. САД претходно соопштија дека ќе разгледаат заплена на секој санкциониран брод без оглед на локацијата, што значи дека супертанкерите сè уште не се безбедни.
Сепак, податоците на „Вортекса“ покажуваат дека иранскиот извоз не е запрен и покрај американските закани. Најмалку 34 танкери и бродови за течен гас поврзани со Иран минале низ теснецот и линијата на американската блокада. Од пловилата што минале од почетокот на минатата недела, 19 излегувале од Персискиот Залив, а 17 од нив биле натоварени.
Бродовите имаа рок до доцна на 13 април да ги напуштат иранските пристаништа.
„Вортекса“ користи сателитски снимки бидејќи бродовите што се обидуваат да ги избегнат американските сили најчесто ги исклучуваат транспондерите. „Хиро II“ последен пат бил забележан пред повеќе од еден месец додека пловел кон север низ Малачкиот Теснец, додека „Хеди“ последен пат ја емитувал својата позиција кај Хор Факан во Обединетите Арапски Емирати кон крајот на февруари.
Крајната дестинација на двете пратки нафта не е позната. Најголемиот дел од иранскиот извоз на сурова нафта завршува во Кина, иако Индија во последните недели примила два товара иранска нафта пред истекот на американското изземање.
Откако војната влезе во осмата недела, Трамп во вторникот го продолжи примирјето на неопределено време, но порача дека американската блокада останува во сила. Околу 800 брода сѐ уште се заглавени во Персискиот Залив, а Меѓународната поморска организација оваа недела соопшти дека работи на план за евакуација, кој зависи од деескалација на војната.