Претседателот на САД Доналд Трамп вети дека ќе ја задржи поморската блокада врз Иран и беше информиран од командантите за дополнителни воени опции, според извештај, што ја нагласува кревкоста на примирјето меѓу завојуваните земји.
Трамп повтори дека блокадата на иранските пристаништа ја лишува Исламската Република од неопходните приходи од нафта, тврдејќи дека притисокот ќе го натера Техеран да се врати на преговарачката маса.
„Среќно ако мислите дека може да се блокира земја со вакви граници“, напиша на Икс претседателот на парламентот на Иран, Мохамад Багер Галибаф, алудирајќи на големината на државата. Тој и други ирански претставници велат дека блокадата — за која инсистираат дека мора да биде укината за да се обноват разговорите и да се отвори Ормускиот теснец — дополнително ќе ги зголеми цените на нафтата.
Прочитај повеќе
Танкери поврзани со Иран се движат низ Ормускиот Теснец и покрај блокадата
Неколку бродови поврзани со Иран се движат низ Ормускиот Tеснец, додека овој клучен морски пат останува фактички затворен за поголемиот дел од меѓународниот транспорт поради блокадите од Техеран и САД.
30.04.2026
Хамнеи: Иран нема да се откаже од нуклеарната технологија
Новиот врховен лидер на Иран во четврток даде ретка изјава, ветувајќи дека нема да се откаже од нуклеарните или ракетните технологии на земјата и сигнализирајќи дека Техеран ќе ја задржи контролата врз Ормускиот Tеснец.
30.04.2026
Нафтата достигна рекордни 126 долари за барел по најавата дека САД разгледуваат воени опции за Иран
Прекин на огнот е во сила од почетокот на април, но неодамнешните напори за средба на преговарачите од двете страни досега не успеаја.
30.04.2026
ОАЕ им порача на купувачите да ја преземаат нафтата надвор од Ормускиот теснец
Испораките надвор од Ормускиот теснец покажуваат дека производителите бараат нови начини да ја пласираат нафтата до светските пазари.
28.04.2026
Првата пратка со ЛНГ од почетокот на војната помина низ Ормускиот Теснец
Првата пратка течен природен гас од почетокот на војната на Блискиот Исток пред два месеци се чини дека го преминала Ормускиот Теснец за да излезе од Персискиот залив.
28.04.2026
Брент нафтата порасна за 1,3 отсто на околу 112 долари за барел во петокот, со што неделниот раст надмина 6 отсто.
Изјавите на двајцата лидери покажуваат дека секој чека другиот прв да попушти.
Трамп во четвртокот во Белата куќа беше информиран за дополнителни воени опции од командантот на Централната команда на САД, која ги надгледува американските сили на Блискиот Исток, како и од претседателот на Здружениот генералштаб Ден Кејн, објави Аксиос, повикувајќи се на двајца неименувани американски функционери. Аксиос претходно објави дека Централната команда на САД подготвила план за краток бран напади со цел да се пробие ќор-сокакот во преговорите.
САД им предлагаат на сојузниците формирање заеднички поморски сили за обезбедување на Ормускиот теснец. Нов Зеланд соопшти дека го примил предлогот, но ќе поддржи коалиција предводена од САД само доколку постои одржливо примирје. Иницијатива за обезбедување слобода на пловидбата (Maritime Freedom Construct) е изложена во дипломатска комуникација на Стејт департментот испратена до американските амбасади во вторникот, во која се повикуваат дипломатите да извршат притисок врз странските влади да се приклучат, објави „Волстрит џурнал“.
Во четвртокот, новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хаменеи, ја доведе во прашање веројатноста за договор. Во ретка изјава тој порача дека нема да се откаже од нуклеарните и ракетните технологии на земјата. Исто така сигнализираше дека Техеран ќе ја задржи контролата врз Ормускиот теснец.
Информации за војната:
Иран активираше противвоздушна одбрана околу главниот град Техеран доцна во четвртокот за да се спротивстави на извидувачки дронови.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет влезе во остар судир со законодавците во четвртокот, додека демократите нагласија дека војната со Иран се приближува до прагот од 60 дена, по што, според Законот за воени овластувања, е потребно одобрение од Конгресот за понатамошни дејствија.
Демократите тврдат дека Пентагон ги потценува трошоците на конфликтот. Еден американски сенатор изјави дека износот од 25 милијарди долари, што беше соопштен оваа недела, е „веројатно помал од половина, можеби дури и помал од една четвртина, од вкупната цена на војната“.
Трамп го покани номинираниот премиер на Ирак да го посети Вашингтон откако ќе формира нова влада, додека САД настојуваат да го ограничат влијанието на Иран врз таа арапска земја. Во телефонски разговор, Трамп и Али ал-Заиди разговарале за „начини за развој и зајакнување“ на билатералните односи меѓу САД и Ирак во повеќе области, се наведува во соопштението од кабинетот на ирачкиот премиер.
Во последните денови се појавија знаци на притисок врз иранската економија, при што валутата ослабе на ново најниско ниво.