Американскиот државен секретар Марко Рубио го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се извини по неговата расправија со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
„Зеленски треба да се извини што ни го загуби времето за средба што заврши на овој начин. Многу јасно ставивме до знаење кој е нашиот план, а тоа е да ги доведеме Русите на преговарачка маса“, истакна Рубио во интервју за „Си-ен-ен“ (CNN).
Тој додаде дека во изминатите десет дена во сите контакти со Украинците имало компликации, вклучително и јавните изјави на претседателот Зеленски, при што се поставува прашањето дали украинскиот претседател е подготвен за мир.
Прочитај повеќе

По остра расправа меѓу Трамп и Зеленски, пропадна договорот за суровините
Овој договор и средбата требаше да бидат момент на единство меѓу двајцата лидери.
28.02.2025

Зошто Трамп ги сака природните ресурси на Украина?
Некои извештаи сугерираат дека земјата има минерали вредни најмалку 10 трилиони долари...
28.02.2025

Ако се врати Америка на Трамп, кои ќе бидат губитниците?
Речиси е незамисливо колку исклучително, речиси божествено влијание врз светот може да има еден човек.
27.02.2025
„Можеби не сака да склучи мировен договор. Тој вели дека го сака тоа, но можеби и не“, истакна Рубио, додавајќи дека „овој начин на поткопување на мировните напори е многу разочарувачки“.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...