Повикот што Бo Дисброу го доби беше сосема различен од сè што дотогаш му се случило во работата. Неговите краткорочни изнајмувања обично ги користат туристи што тргнуваат кон глечерите или бизнис-патници што минуваат низ Енкориџ. Овој пат барањето дојде од Тајната служба на САД.
„Повеќето од моите краткорочни изнајмувања беа веќе резервирани, но успеав неколку да ги сместам во една куќа“, раскажа тој.
Тоа не беше последното барање поврзано со долгоочекуваната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, која е закажана за денеска. Наскоро по повикот од Тајната служба, Дисброу добил телефонски повик и од рускиот конзулат во Њујорк со истото барање. Бидејќи немал повеќе слободни капацитети, ги упатил претставниците кај пријател што имал целосно наместени празни куќи.
Прочитај повеќе

Глобализацијата може да ја преживее трговската војна на САД
Дури и во услови кога САД ја прифаќаат самоодржливоста и се покажуваат како несигурен економски партнер, другите земји сакаат да продолжат со трговијата. И знаат како.
13.08.2025

Средбата меѓу Путин и Трамп во Алјаска како ладен туш за ЕУ и Украина
Кога Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со Владимир Путин во Алјаска в петок, на 15 август, за да преговара за крај на војната во Украина, тоа беше голем шок за многу набљудувачи, како и за некои европски лидери.
13.08.2025

Трамп го продолжи трговското примирје со Кина за 90 дена
Кина, во слично соопштение, истакна дека и таа ќе го продолжи сопствениот мораториум за дополнителни 90 дена.
12.08.2025
Кога Трамп пред една недела ја објави средбата во Алјаска, единствениот агент распореден во канцеларијата на Тајната служба во „Последната граница“ започна подготовки за пречек на стотици агенти што ќе пристигнат како засилување во наредните денови. Мисијата на агенцијата беше необично сложена – да ги заштити и американскиот и рускиот претседател на исто место, при што секој од нив ќе биде опкружен со силно вооружено обезбедување.
Четири лица запознаени со подготовките велат дека операцијата се претворила во трка со времето, спроведена во рок од само една недела. Бидејќи средбата се одржува на американска територија, Тајната служба може да транспортира оружје, комуникациска опрема и медицинска техника без странски ограничувања. Но географијата носи свои предизвици.
Енкориџ располага со ограничен број хотелски соби и мал пазар за изнајмување автомобили, па возила и друга опрема се транспортираат со авион или се носат од други делови на државата. Теренските возила за претседателската колона пристигнуваат од континенталниот дел на САД со товарни авиони.
Средбата ќе се одржи во обединетата база Елмендорф–Ричардсон, најголемата воена инсталација во Алјаска. Оваа база, која во времето на Студената војна служела како прислушна станица на помалку од илјада милји од Русија, располага со контролиран воздушен простор, зајакнати влезни порти и моментален пристап до воени единици и, како активна база, е затворена за јавноста.
„На врвот на туристичката сезона сме, па хотелите се распродадени, а автомобилите се дефицитарни“, изјави гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи, за телевизијата „Блумберг“ во четвртокот. „Фактот што настанот ќе се одржи во базата решава голем дел од проблемите“.
Иако Енкориџ во минатото бил домаќин на папата и на поранешниот претседател Роналд Реган, оваа средба е „една од најголемите работи што му се случиле“ на градот, изјави републиканецот Данливи.
Протоколот на Стејт департментот во голема мера го обликува планот. Кај билатералните средби, велат официјални лица, правилата за реципроцитет значат дека секоја привилегија што ќе му се укаже на едниот лидер мора да се обезбеди и за другиот. Безбедносната служба на Русија ќе го контролира непосредното движење на Путин, додека Тајната служба ќе го обезбедува поширокиот периметар.
Ниту една страна нема да ги отвора вратите на другата или да користи нејзини возила. Ако пред салата за состаноци се постават десет американски агенти, од другата страна ќе стојат десет руски. „Сè е усогласено, човек за човек, оружје за оружје“, вели еден од соговорниците.
Таа симетрија ќе се применува од пристигнувањето на колоните, па до распоредот на преведувачите во просторијата. Двете страни ќе донесат свои тимови за превод. Дури и бројот и големината на просториите за чекање, безбедни зони за секој лидер, се предмет на преговори.
Според соговорниците, Тајната служба сè уште чека Русија формално да го одобри целиот план за безбедност.
„Безбедноста на претседателот е наш највисок приоритет“, соопшти Тајната служба. „За да се одржи оперативната безбедност, Тајната служба не ги коментира конкретните начини и методи што се користат при спроведувањето на нашите заштитни операции“.
Ангажманот во Алјаска се совпаѓа со тоа што агенцијата истовремено го обезбедува потпретседателот Џеј Ди Венс во Обединетото Кралство, а се подготвува и за Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк следниот месец и обезбедува заштита за поранешните претседатели Барак Обама, Џо Бајден и Џорџ В. Буш, како и за поранешната потпретседателка Камала Харис. Дополнително, неделава дваесет агенти и офицери се распоредени за поддршка на федералното преземање на полицијата во Вашингтон од страна на Трамп. Сега, стотици агенти се слеаја во Енкориџ. Хотелите во центарот се полни. Паркинзите на компаниите за изнајмување автомобили се испразнети за потребите на конвоите. Агенти во костуми и со слушалки стојат на раскрсници, додека други, без службена униформа, се вклопуваат меѓу гостите во кафулињата и паркинг-гаражите. Државната полиција на Алјаска и локалните полициски сили се вклучени во маршрутите на колоните, кои се испланирани до најситниот детаљ – па, дури и до лентата за свртување.
Секое движење на возилата на двајцата лидери е внимателно координирано за да се држат разделени, но и секој од нив да биде целосно заштитен.
Трамп ја опиша оваа „сондажна“ средба како обид за завршување на војната на Русија во Украина, наведувајќи дека прашањето за евентуални територијални отстапки би можело да биде дел од договорот. Путин, пак, се обидува да ја зацврсти својата врска со Трамп пред нивниот самит, фалејќи ги напорите на американскиот лидер да посредува за крај на војната во Украина и нудејќи перспектива за економска соработка, како и нов договор за контрола на вооружувањето.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...