Екстремната десница во Германија тројно ја зголеми поддршката од страна на избирачите на локалните избори во индустриската покраина Северна Рајна-Вестфалија, зголемувајќи го притисокот врз владата на канцеларот Фридрих Мерц да го забрза економскиот раст и да протурка реформи.
Во најнаселената германска покраина, антиимигрантската Алтернатива за Германија (АфД) го зголеми својот удел во гласовите за 9,4 процентни поени – на 14,5 отсто – и за малку ја пропушти победата во трката за градоначалник во индустрискиот град Гелзенкирхен, покажуваат прелиминарните резултати на „Инфратест димап“ (Infratest dimap) од анкетата направена за јавниот радиодифузер ВДР (WDR), кои беа објавени во неделата.
Во првиот изборен тест за новата влада, демохристијаните на Мерц останаа најсилна партија во покраината, иако паднаа за еден поен – на 33,3 отсто. Коалициските социјалдемократи, кои некогаш ја сметаа индустриски тешката покраина за свое упориште, изгубија 2,2 поена и паднаа на 22,1 отсто.
Прочитај повеќе

Германија нема брзо да се откаже од јагленот
Јагленот ќе остане дел од германската енергетика, барем додека не се обезбедат доволно гас и водород, порача Мерц, нагласувајќи ја сигурноста на снабдувањето.
11.09.2025

Бизнис-очекувањата во Германија на највисоко ниво од 2022 година по трговскиот договор со САД
Индексот на „Ифо“ покажа раст на очекувањата во Германија, но БДП падна за 0,3 отсто и канцеларот Мерц предупредува на структурна економска криза.
25.08.2025

Како сириските имигранти ја зајакнуваат економијата на Германија?
Сиријците во Германија отвораат бизниси, градат кариери и го зајакнуваат пазарот на труд, а некои стануваат и локални лидери.
15.08.2025

Фридрих Мерц: Путин и Зеленски нема да се сретнат
И покрај најавите на Трамп, состанок меѓу Зеленски и Путин е неизвесен, додека нови руски напади врз Киев одзедоа 21 живот и предизвикаа осуда.
29.08.2025

„Со голема загриженост ги гледам резултатите на социјалдемократите во Северна Рајна-Вестфалија, која го претставува чукањето на срцето на нашата демократија“, изјави за телевизијата АРД Олаф Лис, член на СПД и премиер на соседната покраина Долна Саксонија.
Тој ја критикуваше изборната кампања со теми како миграцијата, кои ги вознемириле гласачите и го одвлекле вниманието од предлозите за поддршка на работничките семејства.
„Не нагласивме доволно дека станува збор за центарот на општеството“, рече Лис.
Мерц, кој потекнува од Северна Рајна-Вестфалија, вети „есен на реформи“ по месеците расправии околу политики и кадровски решенија. Агендата на коалицијата вклучува контроверзни промени во социјалната помош и имплементација на инфраструктурен фонд од 500 милијарди евра (590 милијарди долари) за зајакнување на послабата економија.
Изборите покажуваат како влијанието на АфД може да се прошири и во индустриското срце на Германија, каде што растат стравувањата за сигурноста на работните места. Резултатот се надоврзува на позицијата на партијата во поранешниот комунистички Исток, каде што таа е приближно двојно попопуларна.
„Ја зацврстивме нашата поддршка“, изјави Енџи Сели-Захаријас, покраински пратеник на АфД.
Северна Рајна-Вестфалија има 18 милиони жители, што може да се спореди со Холандија – и е дом на големи индустриски градови како Диселдорф, Дортмунд и Есен. Германскиот „’рѓосан појас“ е дестабилизиран од технолошките промени, затворањето на рудниците за јаглен и растечката конкуренција од Кина.
Тарифите воведени од американскиот претседател Доналд Трамп – чија администрација изрази поддршка за АфД – дополнително ги зголемија предизвиците со кои се соочува најголемата европска економија.
„Овој резултат мора да нè натера на размислување и не смее да ни дозволи да се опуштиме“, изјави премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Хендрик Вуст, од демохристијаните на Мерц.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...