Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека в петок ќе разговара со кинескиот лидер Шји Џјинпинг, откако американските и кинеските официјални лица постигнаа рамковен договор за продолжување на функционирањето на апликацијата Тикток (TikTok) во САД.
Тоа ќе биде првиот директен контакт меѓу Трамп и Шји од јуни.
„В петок ќе разговарам со претседателот Шји. Односите остануваат многу силни!!!“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи во понеделникот. Осврнувајќи се на средбата на високите претставници на двете држави во Мадрид, Трамп додаде дека сесијата „поминала МНОГУ ДОБРО!“
Прочитај повеќе

Трамп вели дека е пронајдена група на купувачи за Тикток - потребна е согласност од Кина
„Тоа е група од многу богати луѓе“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“, изразувајќи надеж дека Кина ќе ја одобри продажбата.
30.06.2025

Тикток се соочува со казна од над половина милијарда евра поради кршење на приватноста
Тикток ќе биде погоден со казна за кршење на приватноста од повеќе од 500 милиони евра поради нелегално испраќање податоци на европските корисници во Кина.
03.04.2025

Тикток се врати во САД: Апликацијата повторно во продавниците на „Епл“ и „Гугл“
Компаниите го отстранија Тикток во САД минатиот месец за да се усогласат со законот донесен во 2024 година.
14.02.2025

Илон Маск вели дека нема да го купи Тикток
Илон Маск изјави дека не е заинтересиран за купување на социјалната мрежа Тикток, која САД се обидоа да ја забранат поради загриженост за националната безбедност.
09.02.2025

Група од САД се нуди да го купи Тикток за „многу повеќе“ од 20 милијарди долари
Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба за 75-дневно одложување на спроведувањето на законот што би го забранил Тикток.
30.01.2025

Враќањето на Тикток го става под лупа ставот на Трамп кон Пекинг
Тикток накратко згасна во САД, па продолжи да работи откако Доналд Трамп вети дека ќе го одложи спроведувањето на забраната.
20.01.2025

Што би значело повлекувањето на Тикток од Америка за дигиталниот маркетинг?
Постои шанса Тикток да се продава само со корисничка платформа, но и со алгоритам.
17.01.2025
Американскиот секретар за финансии Скот Бесент, кој ги предводеше разговорите во Шпанија, им изјави на новинарите дека е постигнат рамковен договор со кој апликацијата Тикток на „Бајтденс“ (ByteDance Ltd.) ќе продолжи да работи во САД. Заменик-министерот за трговија на Кина, Ли Ченгганг, исто така им кажа на новинарите во Мадрид дека е постигнат рамковен „консензус“ за Тикток, но предупреди дека Пекинг нема да ги жртвува своите принципи заради договор.
Bloomberg
Трамп вчера изјави дека сè уште не е донесена одлука дали Кина ќе задржи удел во новата компанија. Според него, разговорите за Тикток би можеле дури и да придонесат за поголема блискост со Пекинг, а навестува и поширок трговски договор во комуникацијата со Шји. „Најважно за мене е, искрено кажано, голем договор“, нагласи Трамп.
Сè уште не е јасно дали предложеното решение за Тикток ќе ги исполни условите од американскиот закон за национална безбедност што стапи во сила во јануари. Но еден американски официјален претставник нагласи дека некакво решение е клучно за Трамп и Шји да ја одржат својата прва лична средба во четири очи до крајот на годинава.
Без договор за Тикток, средба меѓу Трамп и Шји на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка-АПЕК (APEC) во Јужна Кореја кон крајот на следниот месец ќе беше исклучена, изјави официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен. Државна посета на Трамп во Кина исто така ќе беше исклучена, додаде тој.
Разговорите во Мадрид се одржаа во пресрет на рокот што истекува во текот на неделава за постигнување договор за продажба на американските операции на Тикток, со цел да се испочитува законот за национална безбедност на САД. Трамп веќе неколкупати го продолжи рокот за да ја задржи во работа популарната апликација, на која ѝ припишува заслуга дека му помогнала да освои поддршка кај младите гласачи на последните избори.
Во минатото се разгледуваше решение со учество на „Оракл“ (Oracle Corp.), заедно со други американски инвеститори. „Оракл“ и Тикток работеа на план наречен „Проект Тексас“ (Project Texas), чија цел беше да се одвојат и заштитат податоците на американските корисници од операциите на „Бајтденс“ (ByteDance) во Кина. „Оракл“ беше и главен кандидат за преземање дел од бизнисот на Тикток во 2020 година, кога Трамп се обиде, но не успеа, да ја забрани апликацијата поради безбедносни причини во неговиот прв мандат.
„Претседателот Трамп и претседателот Шји ќе разговараат в петок за да го финализираат договорот, но веќе имаме рамка за договор со Тикток“, изјави Бесент. „Мислам дека рамката предвидува преминување во сопственост под контрола на САД.“
Ванг Џингтао, заменик-директор на Кинеската управа за сајбер-простор, спомена методи како што е доверено управување со податоците на американските корисници на Тикток, како и алгоритми и права на интелектуална сопственост, без да навлегува во детали.
Рубио, Хегсет
Кинеската влада, во согласност со законот, ќе ги разгледа и одобри релевантните прашања поврзани со Тикток, како што се извозот на технологија и лиценците поврзани со интелектуална сопственост, изјави Ванг.
Кинеските претставници исто така изразиле загриженост за американските санкции и на средбата го повикале Вашингтон што поскоро да ги укине ограничувањата, изјави заменик-министерот Ли.
Што велат економистите на „Блумберг“ (Bloomberg Economics)...
„Привремен напредок околу Тикток изгледа дека ја одржа динамиката во односите меѓу САД и Кина, барем засега. Но, по четири самити со малку поместување во клучните спорови, сè уште е неизвесно дали двете страни можат да постигнат поширок договор што би ја поставил најважната трговска релација во светот на стабилен пат.“
– Адам Фарар и Мајкл Денг, аналитичари. (За целата анализа, кликнете тука)
Вклученоста на високо ниво меѓу Вашингтон и Пекинг се засили во пресрет на можен личен самит меѓу Трамп и Шји, кога се очекува двајцата да присуствуваат на форумот на АПЕК во Јужна Кореја кон крајот на следниот месец. Минатата недела, државниот секретар Марко Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет разговараа со своите кинески колеги.
Двете земји ги суспендираа најекстремните мерки на економска заштита една против друга, при што американските царини достигнаа и до 145 отсто, а најновиот рок истекува во средината на ноември.
Пауза на царините
Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир, кој исто така беше дел од делегацијата во Мадрид во понеделникот, посочи дека е можно ново продолжување на паузата за највисоките царински стапки кога ќе пристигне ноемврискиот рок.
„Отворени сме да разгледаме нови чекори доколку разговорите продолжат во позитивна насока“, изјави Грир за новинарите.
Разговорите во Мадрид беа фокусирани на Тикток, а преговорите за другите теми во суштина беа одложени, посочија Бесент и Грир. Сепак, кинеските претставници изнесоа загриженост во врска со американските контроли на извозот, додаде тој.
Во пресрет на разговорите, во неделата Кина започна две истраги насочени кон американската индустрија за чипови. Истражувањата уследија кратко време откако САД додадоа уште 23 компании со седиште во Кина, вклучувајќи производители на чипови, на листата на бизниси за кои се смета дека „дејствуваат спротивно на националната безбедност или надворешнополитичките интереси на САД“.
„Ќе одржиме трговски преговори за околу еден месец, повторно на друга локација“, изјави Бесент вчера.
Последната рунда на преговори следува по претходните разговори меѓу Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг во Стокхолм во јули, Лондон во јуни и Женева во мај. Шефот на американското Министерство за финансии изјави дека „останува да се види“ дали може да се постигне трговски договор со Кина пред самитот на АПЕК.
„Многу сме фокусирани на Тикток и на тоа да се обезбеди договор што е праведен за Кина, а и во целост да ги почитува американските безбедносни интереси – а тоа дефинитивно е постигнато“, изјави Грир.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...