Земјите членки на Европската Унија го поддржаа трговскиот договор со таканаречениот блок Меркосур во Јужна Америка, отворајќи пат ЕУ да го потпише својот најголем договор за слободна трговија уште следната недела.
Амбасадорите на ЕУ го поддржаа договорот на состанокот во Брисел во петокот, и покрај противењето на Франција и уште неколку земји, брифираат добро упатени извори, кои сакаат да останат анонимни. За усвојување било потребно квалификувано мнозинство од земјите членки.
Одлуката значи дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најверојатно ќе го потпише трговскиот договор во Парагвај на 12 јануари.
Прочитај повеќе
Франција предупредува дека Европа е под закана од САД
Франција ги обвини САД дека користат трговска принуда и санкции за да го ослабат европското единство и суверенитет.
09.01.2026
Пратениците во Франција го усвоија Законот за социјална сигурност
Со усвојувањето на законот за социјална сигурност, Франција избегна потенцијална владина криза, а компромисот со социјалистите ги зголеми шансите буџетот да биде донесен навреме.
10.12.2025
Нов трговски договор меѓу САД и Малезија, ретките минерали во фокусот
Претседателот Доналд Трамп и премиерот на Малезија, Анвар Ибрахим, во неделата потпишаа трговски договор и договор за критични минерали, додека американскиот лидер се стреми да ја зголеми трговијата низ Југоисточна Азија.
26.10.2025
Бизнис-очекувањата во Германија на највисоко ниво од 2022 година по трговскиот договор со САД
Индексот на „Ифо“ покажа раст на очекувањата во Германија, но БДП падна за 0,3 отсто и канцеларот Мерц предупредува на структурна економска криза.
25.08.2025
Фон дер Лајен го поддржа „силниот, иако несовршен“ трговски договор
Фон дер Лајен и Фридрих Мерц го бранат договорот на ЕУ со САД, оценувајќи дека носи стабилност и спречува трговска војна, која би ја чинела Европа скапо.
25.08.2025
Накратко од светот: Европа сака трговски договор со Америка
Преговарачите на Европската Унија и на САД продолжуваат со интензивни преговори во обид да постигнат трговски договор до 1 август.
22.07.2025
Договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Меркосур
Договорот би создал интегриран пазар со 780 милиони потрошувачи
Bloomberg
Договорот, кој ги вклучува и Бразил, Уругвај и Аргентина, ќе стави крај на 25-годинишните преговори за укинување на царините и поттикнување на извозот, создавајќи интегриран пазар со 780 милиони потрошувачи. Сепак, договорот се покажа како исклучително контроверзен, особено меѓу европските земјоделци, кои стравуваат од наплив на земјоделски увоз во ЕУ.
Земјоделците протестираа во центарот на Париз во пресрет на одлуката, додека демонстрации се одржаа и во Полска во петокот. Ирска беше меѓу земјите што гласаа против договорот.
Лидерите на ЕУ се надеваа дека ќе го финализираат договорот на нивниот самит минатиот месец, но противењето во последен момент од страна на Италија, која стана клучен глас, го спречи постигнувањето договор.
На крајот, сепак, Рим ја поддржа иницијативата на состанокот во петокот, делумно поради дополнителните средства што Комисијата ги понуди претходно оваа недела за земјоделците во следниот долгорочен буџет на ЕУ.
Заштитните мерки понудени на земјоделците исто така придонесоа Италија да ја промени позицијата. Тие вклучуваат обврска за отворање истрага за можна суспензија на повластените царини доколку има зголемување на обемот на увозот од Јужна Америка или пад на цените во споредба со трогодишниот просек.
Прагот за активирање на таква истрага е поставен на 5 отсто, наместо претходно предложените 8 отсто, по лобирањето на земји како Италија и Франција, како и на Европскиот парламент.
Франција, која постојано се спротивставува на трговскиот договор, тврдејќи дека ќе им наштети на европските земјоделци и потрошувачи, гласаше против.
„Франција е наклонета кон меѓународната трговија, но договорот ЕУ–Меркосур е договор од некое друго време, предолго преговаран врз основи што се премногу застарени“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во објава на Икс (Х) во четвртокот навечер. „Договорот не оправдува изложување на ризик на чувствителните и клучни земјоделски сектори за прехранбениот суверенитет.
Bloomberg
Трговскиот договор меѓу ЕУ и Меркосур, кој дополнително мора да биде одобрен и од Европскиот парламент, е најголемиот што Брисел некогаш го преговарал. Повеќе од две децении, разговорите постојано се прекинуваа и обновуваа, додека претставниците се обидуваа да одговорат на загриженостите поврзани и со заштитата на животната средина и со агро-прехранбените стандарди на земјите од блокот Меркосур. Сепак, земји како Германија и Шпанија силно го поддржуваат договорот, кој ќе отвори нови можности за извоз.
„Блумберг економикс“ проценува дека договорот би можел да ја зголеми економијата на Меркосур за најмногу 0,7 отсто, а европската економија за 0,1 отсто. Геополитички, договорот би го зајакнал и присуството на ЕУ во регион во кој Кина се наметна како значаен индустриски снабдувач и голем купувач на суровини.