Европската Унија (ЕУ) неделава се наоѓа на пресвртна точка, обидувајќи се да покаже дека е геополитичка сила. Во наредните денови, блокот има два клучни рока: да ја финансира борбата на Украина против Русија без помош од Вашингтон и да покаже дека може да ги диверзифицира каналите на снабдување и да ја прошири трговијата со Јужна Америка.
Неуспехот би ја нарушил репутацијата на ЕУ и би го поткрепил наративот на претседателот Трамп дека Европа е „слаба“. НАТО предупреди дека светот повторно се соочува со ризик сличен на светските војни, а многумина сè уште не ја сфаќаат сериозноста на моментот.
Со оглед на тоа што администрацијата на Трамп ја прекина помошта за Украина, сега е на Европа да спречи Киев да биде принуден на нерамномерен мировен договор или дури и да биде прегазен од руските сили. Трговскиот договор, во меѓувреме, стана тест од висок профил за тоа дали Европа може да ги исполни ветувањата да понуди веродостојни алтернативи на САД и Кина.
Прочитај повеќе
Европа стравува од „тројански коњ“ во американскиот план за Донбас
Европските претставници сметаат дека решението за демилитаризирана зона би можело да отвори пат за нова инвазија и длабоки безбедносни ризици...
14.12.2025
ЕУ го продолжи замрзнувањето на руски средства
Замрзнатите милијарди на Русија остануваат блокирани – и сè појасно е дека тие би можеле да завршат како финансиска поддршка за Украина.
13.12.2025
Русија поднесе тужба против „Еуроклир“
Руската централна банка соопшти дека почнува правна постапка во Москва против депозитарот „Еуроклир“ (Euroclear) поради замрзнатите државни средства и се закани на Европската унија со глобална одмаздничка кампања за да ги врати стотиците милијарди евра доколку блокот направи каква било употреба на фондовите.
12.12.2025
Зеленски најавува можен референдум за територијата, додека САД бараат договор
Под притисок на мировните иницијативи на САД, Зеленски навестува дека Украинците би можеле да се изјаснат на референдум за Донбас, додека Русија бара територијални отстапки.
12.12.2025
Финансиите за Украина ќе дојдат до кулминација в четврток, кога лидерите на ЕУ ќе се соберат во Брисел за да се обидат да најдат решение за предложениот џиновски заем за Киев. А до петок, ЕУ треба да ја заврши својата работа на трговскиот договор - церемонијата на потпишување е привремено закажана за сабота. Секое понатамошно одложување на кoја било од овие две работи може целосно да ги загрози плановите.
Наоѓање финансии
Европа планира да помогне на Украина со користење на замрзнатите руски средства. Предложено е да се позајмат 90 милијарди евра за следните две години, кои Украина би ги вратила само ако Русија ги надомести штетите од војната.
Овој план се соочува со отпор од Белгија, каде е најголемиот дел од средствата. Земјата стравува дека ќе мора да го врати кредитот доколку Русија се извори за средствата по судски пат. Франција, во меѓувреме, нема ништо против да се користат средствата што се во Белгија, но се спротивставува на напорите да се користат средства кои се замрзнати во нејзините банки.
ЕУ е под притисок да најде решение: Украина ќе остане без пари до април, а пролонгирањето би го засилило наративот на Трамп чија администрација порчува дека подобро е овие средства да се користат како точка во преговорите за примирје отколку навистина да се употребат за воени цели.
Создавање на Меркосур
Трговскиот договор со Меркосур / Mercosur (Аргентина, Боливија, Бразил, Парагвај и Уругвај) е симболичен тест за ЕУ. Договорот би бил најголемиот досега и би испратил порака дека Европа може да гради трговски односи без зависност од САД и Кина.
Договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Меркосур
Договорот би создал интегриран пазар од 780 милиони потрошувачи
Тој е особено важен како одговор на политиката на Трамп во Латинска Америка, кој се обидува да ја зацврсти улогата на САД во регионот. Намалувањето на трговските бариери ќе покаже дека Европа може да ја отвори трговијата без да ја загрози својата продукција.
Сепак, Франција се противи поради притисок од земјоделците, што може да го одложи или укине договорот. Неуспехот би ја поткопал довербата во ЕУ на глобално ниво.
ЕУ на испит
Стратегијата за национална безбедност на Трамп ја обвинува политиката на ЕУ дека придонесува кон тоа Европа да се сврти кон „цивилизациско бришење“. Дури и го поставува прашањето дали европските земји ќе останат посакувани сојузници на НАТО.
Нападите беа уште еден клинец во ковчегот за деценискиот западен сојуз. „Она што некогаш го нарекувавме нормативен Запад повеќе не постои во таа форма“, рече Мерц минатата недела.
На негово место е свет каде што големите сили како САД и Кина сè повеќе ги наметнуваат правилата. ЕУ се обидува да докаже дека е способна да го исцрта својот курс.
Претстојните одлуки за Украина и трговијата ќе тестираат дали Европа може да го стори тоа, рече еден од службениците - или ќе бидат точка на пад од тука натаму.