Блискиот Исток се соочува со нагла ескалација откако претседателот Доналд Трамп изјави дека САД започнале големи борбени операции против Иран, со цел елиминирање на заканите од режимот во Техеран. Воздушни напади врз Иран извршиле Израел и САД, при што биле погодени повеќе провинции.
Прочитај повеќе
Израел започна напад врз Иран, пријавени експлозии во Техеран
Три силни експлозии одекнале во центарот на Техеран откако Израел соопшти дека нападнал ирански цели. Нападот ја зголеми опасноста од поширок конфликт на Блискиот Исток.
28.02.2026
Иран засилено полни танкери со нафта додека САД градат воена сила
Иран во последниве денови натоварува нафтени танкери со забрзано темпо, потенцијален знак дека државата од Персискиот Залив се подготвува во случај на напад од САД.
25.02.2026
Што значи ескалацијата на тензиите меѓу Иран и САД за нафтата?
Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран ја креваат цената на нафтата нагоре, а пазарите стравуваат од удар врз производството и Ормускиот Теснец.
25.02.2026
САД ја евакуираат од амбасадата во Бејрут поради можни воздушни напади врз Иран
Стејт департментот нареди делумна евакуација во Бејрут поради проценки за влошена безбедносна состојба.
23.02.2026
Нафтата ќе поскапи бидејќи САД и Иран се подготвени за војна
Американскиот претседател Доналд Трамп - кој нареди ограничени воени напади против земјата минатата година - сака договор за нуклеарната програма на Иран и нареди масовно воено засилување во регионот.
23.02.2026
Иранските медиуми јавуваат дека Исламската Република подготвува „жесток одговор“. Ескалацијата доаѓа по неколкунеделни разговори што не резултираа со нов договор за иранската нуклеарна програма, известува „Блумберг“.
Според анализата на Алaрик Најтингејл, лидер на тимот за тргување со нафта во Европа, за пазарите засега постојат две клучни прашања: дали нападите предизвикале штета врз нафтената инфраструктура и каков ќе биде одговорот на Иран. Во претходен сличен случај немало значително оштетување, ниту нарушување на регионалното снабдување, што по почетниот раст овозможило цените на нафтата брзо да се стабилизираат. Наредните часови и денови ќе бидат клучни за да се утврди дали станува збор за повторување на летната ситуација или за поинакво сценарио.
Тензиите неизбежно го насочуваат вниманието кон Ормускиот теснец, тесен поморски премин на врвот на Персискиот Залив низ кој минуваат 25 отсто од светската поморска понуда на нафта. Техеран во минатото се закануваше со блокада на теснецот, но таков потег не го реализираше поради ударот што би го претрпел сопствениот извоз. Иран и неговите сојузници во Јемен, Хутите, имаат историја на таргетирање на регионалниот поморски сообраќај.
Иранската полуофицијална агенција Фарс објави дека земјата е погодена од широко распространети сајбер-напади и хакерски операции. Државната ИРНА и полуофицијалната ИСНА соопштија преку своите Телеграм канали дека нивните интернет-страници биле хакирани и недостапни.
Во меѓувреме, САД го зголемија военото присуство во регионот, вклучително и носачи на авиони, борбени авиони и авиони-танкери за дополнување гориво. Обемот на распоредени воени средства е најголем од 2003 година, пред инвазијата на Ирак. Нема индикации дека САД планираат испраќање копнени трупи во Иран, но распоредувањето укажува дека е задржана можноста за повеќедневна кампања во координација со Израел.
Во вакви услови, ОПЕК+ ќе ја разгледа можноста за поголемо зголемување на производството кога клучните членки ќе се состанат во недела, по израелските воздушни напади врз цели во Иран, изјави делегат. Групата предводена од Саудиска Арабија и Русија претходно сигнализираше дека од април се очекува продолжување на умерени зголемувања на производството по тримесечна пауза во снабдувањето.