text size
1999 година во финансискиот свет остана запаметена по бумот на дот-ком акциите и паниката пред влезот во 2000 година. Во кината воодушевуваше филмот „Матрикс“, а на музичките топ-листи доминираа Бритни Спирс и „Бекстрит бојс“. Љубителите на автомобилите ќе паметат дека истата година „БМВ“ го претстави X5 и влезе во светот на СУВ возилата, односно САВ моделите, како што ги нарекуваат во Минхен. Таа одлука се покажа како една од најуспешните во историјата на брендот. Денес е речиси невозможно да се замисли понудата на автомобилските производители без теренски модели.