text size
Често ме прашуваат кој е најдобриот автомобил што некогаш сум го возел. Ова е неблагодарно прашање, бидејќи вклучува многу технички карактеристики на возилата, кои се испреплетуваат со сопствените субјективни критериуми. И уште пред да се обидам дипломатски да го избегнам одговорот, речиси секогаш ми паѓа на ум една голема германска лимузина. „Блумберг Адрија“, во организација и на трошок на БМВ ја тестираше „серијата 7“ во текот на два дена во Баварија и Австрија. БМВ немаше увид во текстот.