text size
За хибридите на „Тојота“ се раскажани многу приказни, а пазарниот успех на марката доволно зборува за нивниот квалитет. Но како изгледа кога најсигурниот јапонски бренд ќе одлучи да направи исчекор во целосно електричен правец? Многу добро - тоа е нашиот впечаток по една недела и поминати илјада километри со „тојота Ц-ХР+“ (Toyota C-HR+).
Bloomberg Adria
Ц-ХР+ гo красат сите доблести што ги има и остатокот од понудата, со многу малку недостатоци и компромиси. Автомобилот е квалитетно изработен, удобен, со одлични возни својства, ентериерот е - барем според нашиот впечаток - на многу повисоко ниво отколку кај сестринските модели, а моторот и батеријата се добро усогласени, па потрошувачката е ниска, а перформансите многу солидни.
Дури и дизајнот однадвор ни е многу попријатен за око од хибридниот Ц-ХР, а особено од претходните генерации, но, добро, тоа секогаш зависи од личниот вкус. На некои ќе им одговараат острите линии, на некои не, како и бојата. Нам многу ни се допадна целокупниот пакет купе-кросовер.
Прочитај повеќе
„Фолксваген тајрон“: Помалку теренец, повеќе семеен крузер
Го тестиравме „фолксваген тајрон“ со неговиот ефикасен 2.0 ТДИ мотор, погон на сите четири тркала и седум седишта. По заминувањето на „туарег“, овој автомобил е самиот врв на гамата на теренци на „Фолксваген“.
25.08.2026
Тест на „БЈД сил 6“: Хибрид што поминува 1.350 километри без дизел
Тркач на долги патеки од Далечниот Исток покажува дека Кинезите можат да се натпреваруваат со европската елита.
07.08.2026
Го возевме „фортинг Т5 ево“: „Ламборгини“ за македонски џеб
Агресивни линии на каросеријата, тенки дневни светла и огромна предна маска. Многумина би помислиле дека е „ламборгини урус“. Но не е...
15.07.2026
Го возевме „лексус ЛБХ“, мал теренец со голем луксуз
Mислевме дека најмалиот член на семејството можеби нема да биде на толку премиум ниво како неговите поголеми браќа, но се излажавме.
09.07.2026
Тест на „мазда ЦX-80“: Последниот самурај со шест цилиндри и седум седишта
„Мазда“ се спротивставува на неколку трендови одеднаш со речиси петметарскиот дизел теренец...
25.06.2026
Шлаканица за конкуренцијата - „зикер 7X“ е засега најкомплетниот електричен автомобил
Штом домашните купувачи почнаа да се навикнуваат дека кинеските брендови ја чистат конкуренцијата во пониските и средните сегменти на пазарот, пристигна нов предизвикувач кој влегува во борба за премиум сегментот
21.06.2026
Посовремен ентериер
Многу лесно е идеално да се наместите во кабината бидејќи воланот навистина има многу простор за движење и по длабочина и по висина. Имајте предвид дека возачката позиција е замислена така што дисплејот го гледате над управувачот, а не низ него. Нам тоа ни одговараше, но во зависност од висината на возачот и должината на екстремитетите, за некого тоа може да биде и проблематично. Препораката е сепак да проверите од прва рака дали ви одговара.
Bloomberg Adria
Седиштата се удобни, на патувања од околу 400 километри не почувствувавме никаква замореност или неудобност, па можеме да кажеме дека од аспект на ергономијата „Тојота“ навистина блеска. Управувачот, за разлика од современите трендови, е преполн со копчиња со кои управувате со сè што е важно во автомобилот. Од одличниот темпомат, кој веќе го пофаливме кај новиот РАВ4 (RAV4), до командите за радио, мобилен телефон и гласовниот асистент.
Мобилниот телефон се поврзува безжично, а на истиот начин можете и да го полните. Покрај тоа, тука има два безжични полнача, со уште четири приклучоци УСБ-Ц (два напред, два одзади). Менувачот е на средишната конзола, ротирачки е и по кратко навикнување работи добро. Тука има и неколку копчиња што веројатно нема премногу да ги користите, како она за возење по снег, но има и практични, како електричната паркинг-сопирачка.
Bloomberg Adria
Инфозабавниот систем од 14 инчи и двојно помалиот возачки екран се за класа над она на што сме навикнати во остатокот од понудата на „Тојота“. Вградената навигација со 3Д-приказ на зградите остава современ впечаток, но менијата и понатаму се стандардно рудиментирани, што можеби и не е лошо за оние што не се љубители на дигитализацијата. Поради високо поставениот возачки екран нема ХАД (head-up дисплеј), ниту пак реално е потребен.
Климатизацијата е двозонска и хибридна, имате копчиња за најосновните работи, но јачината на вентилацијата, греењето на воланот и седиштата и сличните функции мора да ги регулирате преку екранот на допир. Интересно се решени и копчињата за приспособување на температурата - физички можете да ги вртите, но всушност се интегрирани во екранот. Компромис што во практика функционира сосема добро.
Bloomberg Adria
Доволно простран
Во однос на практичноста забележуваме дека воопшто нема преграда за одложување пред совозачот, но фиоката под средишниот потпирач за раце и преградите во вратите донекаде го надоместуваат просторот за складирање.
На задната клупа има доволно место и за високи патници. Зад возач висок 185 сантиметри комотно може да седи уште едно лице со исти димензии. На располагање има два приклучока УСБ-Ц, отвори за клима во средината и потпирач за раце со држачи за пијалаци.
Bloomberg Adria
Багажникот е со практична форма, доаѓа со гумена подлога и прима нешто повеќе од 400 литри, односно околу 1.200 литри со спуштени задни седишта. Подницата може да се приспособува по висина и да се комбинира на повеќе нивоа, што е доста практично ако треба да пренесете нешто што не би требало да „танцува“ по багажникот. За жал, нема простор за складирање под предната хауба, таканаречен „франк“.
Bloomberg Adria
Возење во тишина и удобност
Суспензијата е многу удобна и одлично ја „крие“ тежината на автомобилот од два тона. Лежечките полицајци ги впива со фасцинантна леснотија и мекост, а само ретки дупки или дилатации ќе предизвикаат автомобилот толку да се затресе за тоа да го почувствувате во кабината. За убавината на возењето на струја во град не треба да се трошат зборови бидејќи електричните возила тука немаат конкуренција.
Што се однесува до маневрирањето, Ц-ХР+ не е мал автомобил (долг е 452 сантиметри, а широк 187 сантиметри), но поради „коцкестиот“ дизајн не е тешко да се ориентирате во просторот. Тука се, секако, и паркинг-сензорите и камерата за возење наназад, кои ги олеснуваат паркирањето и маневрирањето во тесни простори.
На отворен пат, тивката кабина и одлично усогласениот автомобил исто така резултираат со мирно и релаксирачко возење. Поради тежината нема да можете брзо да влегувате во свиоци и евентуално да глумите рели-возач, но и при подинамично возење се снаоѓа одлично, добро ја држи траекторијата, што влева сигурност.
Bloomberg Adria
Од нула до 100 забрзува за околу пет секунди, но мазно, без тресење, а генерално не му недостига сила со речиси 230 коњски сили под хаубата.
Го пофаливме адаптивниот темпомат, но мораме малку да го критикуваме престрогиот систем за следење на вниманието на возачот и здодевниот аларм за надминување на брзината. За среќа, вториот лесно се исклучува (ако не ви е поврзана гугл-навигацијата).
На автопат, единствениот „недостаток“ на Ц-ХР е тоа што брзината е ограничена на 165 километри на час, па ако сакате целосно да се опуштите и да се впуштите во малку поекстремно возење, имајте го тоа предвид. До самиот максимум автомобилот ја задржува присебноста, забрзува рамномерно и живо.
Троши помалку од конкуренцијата
Добар впечаток „Тојота“ остава и во поглед на потрошувачката. При просечна брзина од 120–130 километри на час троши нешто повеќе од 21 kWh на 100 километри, што со батерија од 77 kWh, односно 72 kWh нето, дава автономија од околу 340 километри.
Bloomberg Adria
Главно возевме по автопат и локални патишта, нешто помалку во град, а просечната потрошувачка на околу 1.000 изминати километри изнесуваше 19 kWh, што би значело околу 380 километри реален досег.
Ако бидете нежни со педалот за гас и ја засилите рекуперацијата на максимум, Ц-ХР+ ќе ви возврати со штедливост. Ние не се впуштавме во такви потфати, напротив, го возевме малку понемилосрдно од просекот, но и покрај тоа многу добро се покажа во однос на потрошувачката.
Bloomberg Adria
На брзите DC-полначи достигнавме декларирани максимални 150 kW, а за полнење на батеријата од околу 20 до 80 проценти ќе ви треба околу половина час. AC-полнењето оди до 11 kW кај послабите модели, до 22 kW кај посилните. Мала забелешка е тоа што за време на полнењето во автомобилот не можете да добиете премногу информации. По некое време мора да ја отворате вратата за да го видите статусот на батеријата на возачкиот дисплеј, при што ни на големиот екран нема ништо подетално (како, на пример, кривата на полнење и слично). Тука можеби може да помогне апликацијата на „Тојота“, но ние, се разбира, не ја инсталиравме.
За крај - цената. Го возевме моделот со опрема „егзекјутив 80“ (Executive 80), што подразбира поголема батерија од 77 kWh, посилен мотор и погон на предните тркала. Со актуелниот попуст можете да го купите со намалување од 2.000 евра, односно за вкупно 42.100 евра. Послабиот модел стартува од значително пониски 36.200 евра, додека најскапата верзија чини речиси 50.000 евра.
Bloomberg Adria
Би рекле дека оваа средна понуда е убаво избалансирана во однос на моќноста, досегот и цената. Кинеската конкуренција е поповолна, но значката на „Тојота“ носи мир на долг рок во однос на деловите и сервисот. Ако размислувате за целосен премин на електрична енергија, секако земете го предвид Ц-ХР+, бидејќи, како и остатокот од гамата на овој бренд, нуди многу во сите важни аспекти на возењето.
- Автомобилот е тестиран на хрватскиот пазар, а цената може да се разликува во зависност од пазарот и дистрибутерот.