text size
Покрај тоа што е врвен музичар, Ник Мејсон, тапанарот на легендарниот бенд „Пинк Флојд“, е и вешт возач и страстен колекционер на тркачки автомобили. Со 77 години и со проценето богатство од 180 милиони долари, тој може да ѝ се посвети на својата страст за тркачкиот спорт во кој и самиот се испроба.