text size
Баварскиот автомобилски бренд изгради репутација врз спортските лимузини. Тоа особено важи за серија 3, на која повеќето најверојатно помислуваат кога ќе ја слушнат кратенката БМВ. Трендовите во индустријата одамна се променија. Поголеми маржи денес носат теренските спортски возила, односно моделите СУВ. Затоа БМВ, при лансирањето на својата најголема и најважна програма на нови возила, вредна повеќе од 10 милијарди евра, на почетокот вниманието го насочи токму кон купувачите на модели СУВ.