text size
Микела Соуса, позната како Лил Микела, е тинејџерски поп-феномен. Оваа 19-годишна, половина Бразилка, половина Шпанка, е модна инфлуенсерка, поп-ѕвезда и борец за општествени промени. Моментално има 2,6 милиони следбеници, а нејзината голема популарност некогаш ѝ обезбеди место меѓу „25-те највлијателни луѓе“, според магазинот „Тајм“, во 2018 година. Исто така, Микела соработувала со модни брендови како „Прада“, „Келвин Клајн“ и други. Сепак, Микела Соуса не е човечко суштество. Во извештајот за трендовите на Инстаграм за 2023 година се тврди дека виртуелните инфлуенсери имаат подобар ангажман на нивните следбеници поради следните фактори: подобриот изглед на содржината, целосната контрола на содржината од страна на брендовите и растечкиот пазар на дигиталната мода.