text size
На прагот на новиот век, носач на багаж од Фиренца што работел во хотелот „Савој“ во Лондон сонувал дека еден ден неговото име ќе го краси багажот. Носачот е Гучио Гучи, основачот на куќата што денес не само што ги разубавува куферчињата и торбите со монограм GG туку создава и широк моден асортиман од 1921 година. Во студиото „180“ во Лондон, на само неколку блока од местото каде што амбицијата првпат ја разгоре фантазијата на основачот додека разнесуваше торби со лифт, несекојдневната изложба „Гучи космос“ покажува како неговата визија се развиваше во повеќедимензионална приказна, која низ генерациите добиваше нови интерпретации.