text size
Ишан Рана, уметник за тетоважи од Вадодара, Индија, постави Гинисов рекорд минатата година правејќи 74 тетоважи на 64 луѓе без престан 91 час, пренесува „Форчн бизнис“ (Fortune Business). Истиот извор го наведува примерот на „Мед рабит“ (Mad Rabbit), американски бренд за нега на природни тетоважи, кој доби инвестиција од четири милиони долари во 2022 година за да го прошири своето малопродажно присуство и портфолио на производи.