Ненадејната возбуда по скапа користена гардероба никако да спласне. Половната облека станува повеќе од тренд, а модните експерти токму во неа гледаат светла иднина за индустријата. Пазарот на облека од втора рака бележи огромен раст и се очекува да достигне вредност од 80 милијарди долари до 2029 година.
Освен како алтернатива на брзата мода, половната облека се’ повеќе се наметнува како синоним за стил и индивидуалност. Како никогаш досега, купувачите се подготвени да инвестираат во веќе носени парчиња, а оваа промена станува се’ повидлива и кај нас.
„Ова веројатно се должи на желбата за издвојување од толпата, но и на влијанието на социјалните мрежи каде што користената облека и одржливата мода се промовираат како свесен и еколошки избор и автентичност“, вели Виолета Куцуловска, основачка и креаторка на платформата „Save secondhand“.
Прочитај повеќе

„Ејч енд ем“ значително ја зголеми добивката
Резултатот по оданочување се зголемил за 33 проценти и изнесувал 11,5 милијарди круни (околу милијарда евра).
30.01.2025
Како треба да изгледаат џентлмените денес?
Облечен е во добро скроен елегантен костум, со бела кошула и класична вратоврска, со уредно обликувана коса и со негувана брада.
05.01.2025

Униформата на шефовите - како се облекуваат нашите менаџери?
Минатиот месец ја отворивме оваа наша рубрика со тоа од каде менаџерите ја црпат енергијата, а сега продолжуваме со нивниот избор на облека и модни адути.
10.01.2025

Во разговор за „Блумберг Адрија“ таа истакнува дека и во Македонија потрошувачите сѐ повеќе бараат квалитет и оригиналност, наместо еднократна, евтина мода.
„Купувачите особено се интересираат за веќе носени ретро и винтиџ парчиња. Тоа се најчесто фустани и кошули кои датираат од минатиот век, но и облека чиј состав на материјалот е природен како кожа, свила или коноп. Поскапо се продава и облеката која е рачно изработена и онаа со ултра висок квалитет-од изведба на кројот до целокупната изработка на крајниот производ“, открива Куцуловска.
Со огромна брзина расте бројот на активни купувачи и продавачи на облека од втора рака и на платформата „Ministry of Second Hand“ основана од Марија-Магдалена Петковска Микаровска која постои неполна година.
„Промена има и тоа видлива. Сè повеќе луѓе ни пишуваат: ‘Имам гардероба што не ја носам, а е совршена’. И сакаат да ѝ дадат нов живот, не секогаш водени од заработка. Во ова движење не припаѓаат само младите, туку и повозрасни генерации ни се приклучуваат. Разликата е што денес тоа е свесна одлука, а не нужност“, вели таа.
Микаровска се радува што сѐ повеќе луѓе кај нас се охрабруваат да инвестираат во парчиња што се уникатни, квалитетни и со историја. Според неа, станува збор за вредност, за парче што те издвојува, наместо да те претопува во масата.
„Оваа мода станува знак на добар вкус. Луѓето сакаат да изгледаат автентично, да носат нешто што не е на секој агол, и токму затоа се подготвени да вложат, дури и во скапи, веќе носени брендови. Особено кога знаат дека со тоа прават и еколошки и естетски избор. И кај нас веќе не се поставува прашањето „дали“ да се купи од втора рака, туку „што следно да се пронајде“. Промената се движи со голема сила“, истакнува таа.
Марија-Магдалена наскоро ќе лансира платформа и за детска половна облека (Фото: Ивона Кочов и Александар Василевски)
Освен за квалитетни капути и чанти, добри панталони, кошули, костуми, па дури и за очила за сонце и аксесоари, на нејзината платформа има се’ поголем интерес и за невестински фустани, винтиџ парчиња и ексклузивни дизајнерски креации од втора рака.
„Тоа се оригинални парчиња во одлична состојба кои имаат вредност, но и душа“, вели Микаровска која наскоро ќе лансира и платформа специјализирана за детска половна облека.
Како се креираат цените?
Купувањето облека од втора рака порано се промовираше како добра опција за оние со ограничен буџет, а сега не само што прерасна во мултимилионски пазар, туку и цените стануваат неразумни и недостижни за многумина. Во Македонија, барем засега, се води сметка да биде фер и за продавачот и за купувачот.
„Цените се креираат врз база на опсежно истражување и анализа на пазарот, земајќи ги предвид факторите како состојбата на поединечно парче, неговата широка достапност (уникатно парче е секако поскапо од генеричко), набавната цена, како и месечните режиски трошоци кон државните институции, во баланс со потрошувачката кошница и побарувачка“, објаснува Куцуловска.
И Микаровска се води по истиот принцип и секогаш цената ја одредува во согласност со продавачите, според оригиналната вредност, зачуваноста и приказната на самото парче.
„За нас, важно е облеката да продолжи да живее, не да седи заборавена во нечиј плакар. Цената е алатка за движење-не пречка“, вели таа.
Нашите соговорнички се едногласни дека облеката од втора рака, меѓу другото, е совршен индикатор дека луксузот не се мери само во пари, туку и во свест, вкус и избор.
„Купувањето од втора рака значи дека си личност која знае што сака, бара квалитет, а не само етикета. Тоа е моден избор кој има и стил, и приказна, и еколошка свест. Додека брзата мода нè тера да купуваме без да размислиме, купувањето од втора рака е спротивното. Избираш внимателно. Се изразуваш автентично. Градиш стил со личен потпис. Новиот луксуз е токму тоа, да имаш нешто што не го поседуваат сите, нешто со душа. И да знаеш дека си направил добар избор-за себе, за плакарот, за планетата. Тоа е сила, слобода и иднината на модата“, вели Микаровска.
Луѓето почнуваат да перцепираат луксуз во она што е уникатно и автентично/Фото: Depositphotos
За Куцуловска, пак, поимот „луксуз“ во контекст на половна облека е интересен парадокс. Вели дека луксузот обично го врзуваме за нешто ново, скапо, недостапно за сите. Но, денес, кога зборуваме за облека и стил, луѓето почнуваат да перцепираат луксуз во она што е уникатно и автентично, што носи приказна и е ретко, а можеби и невозможно да се види во два исти примероци, а тоа, според неа, го нудат токму продавниците за облека од втора рака.
„Сепак, вреди да се напомене дека некои половни парчиња облека, особено ако датираат од минатиот век или „зрачат“ со ултрависок квалитет, можат да достигнат дури и повисока цена од новите и токму тие парчиња стануваат луксуз на пазарот, во буквална смисла на зборот“, вели таа.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...