text size
Лондонскиот клуб од англиската Премиер лига, Челзи, е апсолутен хит во штотуку завршениот преоден рок. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ потроши повеќе од 330 милиони евра за трансфери. Тоа е повеќе од сите други клубови од Премиер лигата заедно, или повеќе од сите клубови од другите пет лиги заедно.