text size
Грандиозна архитектура, импресивен поглед и крстосувања по Дунав, па и релаксирачки термални базени: Будимпешта нуди многу атракции. Сепак, главниот град на Унгарија се соочуваше со доста предизвици во туризмот по пандемијата, сега, многу и поради војната во соседна Украина. Додека во другите европски градови, како Париз и Истанбул, туризмот во 2022 година се приближи или дури ги надмина претпандемиските нивоа, Будимпешта заостанува, привлекувајќи само 75 отсто од вкупно 4 милиони посетители што биле регистрирани во 2019 година.