text size
Светското фудбалско првенство во 2026 година не е само најголемиот спортски настан, туку и огромен деловен проект од кој ФИФА очекува речиси девет милијарди долари приходи. Проширувањето на турнирот на 48 репрезентации и рекордни 104 натпревари отвора нови пазари, создава нови ѕвезди и поттикнува трансфери вредни милиони. За тоа кои се најголемите финансиски победници, како турнирот влијае врз вредноста на играчите и што тоа значи за хрватскиот фудбал, за „Блумберг Адрија“ зборуваше Денис Селимовиќ, основач и сопственик на спортската агенција „Рбона“ (Rabona).