Фудбалот денес сè повеќе потсетува на големите корпорации, а не на спортските клубови какви што ги знаевме пред неколку децении. Клучна причина за тоа се огромните суми пари што циркулираат, почнувајќи од вртоглави трансфери на играчи до астрономски договори за ТВ-права. Но, најважно од сè, фудбалот стана пазар што сака контрола врз растечките финансиски нерамнотежи. Тука клучна улога игра регулативата за финансиски ферплеј (ФФП) на ФИФА (FIFA Financial Fair Play - FFP), воведена за да се спречат дивеење на трошоците и прекумерни финансиски загуби.
Иако фудбалот е најпопуларниот спорт во светот, европските фудбалски лиги со децении го гледаат американскиот пазар како модел на стабилност и еднаквост. Американските спортови и лиги како што се НФЛ, НБА и НХЛ имплементираа ограничувања на платите и системи за данок на луксуз што обезбедуваат конкурентност и ги спречуваат клубовите да трошат повеќе отколку што можат да заработат.
Во Европа ситуацијата е сосема поинаква. Фудбалот традиционално е организиран врз принципот на слободен пазар, каде што клубови како Реал Мадрид, Манчестер Сити или ПСЖ, поддржани од богати сопственици или држави, можат да инвестираат милијарди во нови играчи практично без ограничувања. Тоа доведе до значителен јаз помеѓу најбогатите клубови и другите, правејќи ги националните првенства предвидливи и неконкурентни.
Прочитај повеќе

ЕП ја покажа моќта на женскиот фудбал: Пазарот расте, а приходите уриваат рекорди
Приходите од женскиот спорт ќе пораснат на 2,4 милијарди во 2025 година.
27.07.2025

Македонскиот фудбал без сезонски билети: Во регионот приказната е пољубовна
Сезонските билети за натпреварите на најпознатите фудбалски клубови во регионот се продаваат на големо, а цените се движат од 15 до дури 3.000 евра.
25.07.2025

Рекордот на Максимовиќ потврдува: Регионот живее од продажба на фудбалски таленти
Кога 18-годишниот Андрија Максимовиќ неодамна потпиша за РБ Лајпциг во трансфер вреден 14 милиони евра, тој не само што постави нов рекорд во српската Суперлига, туку уште еднаш посочи на фактот дека регионот има многу јасна економска специјализација, производство на фудбалски таленти.
24.07.2025

Кој ги облекува фудбалските репрезентативци во регионот Адрија?
Деновиве во светот на спортот вниманието го привлече информацијата дека два глобални брендови – „Пума“ и „Адидас“ – размислуваат да станат нови спонзори на хрватската фудбалска репрезентација.
16.07.2025

Конфликтот околу сопственоста го загрозува европскиот сон на Кристал Палас
Веста дека Кристал Палас можеби нема да игра во Лигата на Европа следната сезона, за прв пат во нивната 120-годишна историја, покрена голем број прашања за одржливоста на моделот на сопственост од повеќе клубови.
07.07.2025

Колку заработуваат македонските спортски клубови?
Анализиравме колку заработиле македонските спортски клубови во 2024
10.06.2025

Високата сума што ја нуди Ливерпул за Вирц ги открива слабостите на Бундеслигата
Потенцијалниот трансфер на Флоријан Вирц во Ливерпул за импресивни 170 милиони долари не само што би ги нарушил плановите на Баерн Минхен туку и јасно би укажал на ограничувањата со кои се соочува Бундеслигата во натпреварувањето со финансиски помоќни лиги.
27.05.2025

Како се менува начинот на инвестирање во американскиот спорт
Се лансира приватен фонд од 750 милиони долари за инвестирање во малцински удели.
19.05.2025

Премиерлигата сė повеќе станува американска - дали е тоа добро или лошо?
Со сѐ поголемиот американски капитал што пристигнува и обидите да се зголемат приходите, „Блумберг ориџиналс“ го поставува прашањето: Може ли Премиерлигата да се американизира?
14.05.2025
Меѓутоа, тоа што е добро за бизнисот не е секогаш добро и за спортот. Сè повеќе слушаме коментари дека фудбалот „ја губи својата душа“ и станува премногу предвидлив. Токму затоа ФИФА и УЕФА се обидуваат да воведат регулативи што ќе обезбедат одржливост и конкурентност, слични на тие што ги гледаме во американските лиги.
Што точно регулира финансискиот ферплеј на ФИФА?
Регулативите на финансискиот ферплеј на ФИФА не се нови. УЕФА првпат ги воведе во 2010 година за да ги спречи клубовите да трошат над своите можности, а ФИФА оттогаш ги усвои како глобален стандард за финансиска одржливост на фудбалските клубови.
Најважните одредби на ФФП се многу едноставни: на клубовите не им е дозволено да трошат значително повеќе отколку што заработуваат. Целта на регулативата беше да се намали ризикот од презадолженост, да се подобри финансиската дисциплина и да се зголеми долгорочната одржливост на клубовите.
Поточно, клубовите се ограничени на кумулативни загуби не поголеми од 60 милиони евра во текот на три години. Трошоците за играчите (вклучувајќи плати и трансфери) треба да бидат пропорционални на приходите што ги генерира клубот и не треба да зависат од неограничен прилив на пари од богати сопственици.
ФФП има и казнени мерки, вклучувајќи финансиски казни, забрани од европски натпреварувања како што е Лигата на шампионите, па дури и забрани за трансфери за клубовите што ги кршат правилата. Тоа е случај со големите клубови како што се Манчестер Сити и ПСЖ, иако тие санкции честопати се покажуваа како доста благи или лесно оспорливи на суд.
Финансиска дисциплина или само бирократски товар?
Иако ФФП донесе некои позитивни резултати, како што е намалувањето на огромните загуби на некои клубови, многумина го обвинија за лицемерство. Помалите клубови тврдат дека ФФП всушност ги штити само богатите со тоа што им дозволува на големите клубови да ја одржат својата постојна предност.
На пример, малите клубови честопати немаат можност да генерираат високи приходи од ТВ-права или спонзорства, што значи дека нивните раце се врзани кога станува збор за натпреварување со побогатите ривали. Критичарите тврдат дека ФФП не го решил целосно изворот на проблемот - финансискиот допинг т.е. дарежливото финансирање на клубовите од сопственици поврзани со државни фондови или корпорации.
Најкритичната точка е што клубови како ПСЖ, Манчестер Сити или Њукасл јунајтед сè уште се во можност да ги заобиколат правилата на ФФП преку разни правни и финансиски маневри. Од друга страна, клубови како Барселона и Интер Милан се најдоа под голем притисок, борејќи се со огромни долгови, што укажува дека правилата не важат еднакво за сите.
Од ФИФА порачаа дека целта на регулативата е да се создаде одржлива деловна средина и да се намали ризикот од банкрот на клубовите, но во практика е јасно дека правилата сè уште не се совршени и дека фудбалот не е ни блиску до американскиот модел во кој ограничувањето на платите и данокот на луксуз функционираат беспрекорно.
Може ли фудбалот навистина да биде финансиски рамноправен?
Прашање што често се поставува во врска со финансискиот ферплеј на ФИФА е дали фудбалот некогаш ќе може да биде финансиски рамноправен како што е случај со американскиот спорт. Иако американските спортови имаат свои специфични проблеми, моделот на ограничување на платите се покажа како многу успешен во обезбедувањето конкурентност. Меѓутоа, фудбалот функционира на глобален пазар, што дополнително го комплицира спроведувањето унифицирани финансиски правила.
Големите европски клубови сè повеќе се залагаат за натпреварувања во суперлигата што би им донеле уште поголеми приходи и би го намалиле влијанието на ФФП. Во исто време помалите клубови се обидуваат да најдат начин да преживеат во сè потешките економски услови.
Затоа, клучниот предизвик за ФИФА и УЕФА во следната деценија ќе биде да ги балансираат потребите на глобалниот пазар и да ја зачуваат спортската конкурентност. Иако ФФП претставува чекор во вистинска насока, јасно е дека европскиот фудбал е далеку од идеалниот модел што постои во Америка. Помеѓу финансискиот реализам и спортскиот идеализам, фудбалот сè уште ја бара совршената формула. Дали ќе ја пронајде, останува да се види.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...