„Опен еј-ај“ се согласи да биде главен клиент за нов центар за податоци во Норвешка, првата европска локација за инфраструктурниот потфат „Старгејт“ (Stargate) на компанијата за вештачка интелигенција (ВИ).
Компанијата за центри за податоци „Енскејл глобал холдингс“ (Nscale Global Holdings Ltd.) ќе го изгради објектот со финансирање од норвешкиот инвеститор „Акер“ (Aker ASA), соопштија денеска компаниите. Локацијата, која ќе биде во заедничка сопственост на двете европски компании, има почетна цел да испорача капацитет од 230 мегавати, со план за дополнителни 290 мегавати.
Европските претставници и бизнис-лидерите повикуваат континентот да инвестира повеќе во објекти за поддршка на генеративната вештачка интелигенција, истакнувајќи го стравот од намалување на растот и отстапување на технологијата на САД и Кина. Европската Унија објави програма од 20 милијарди евра за субвенционирање големи „гигафабрики“ за вештачка интелигенција, а слични планови најавија и Велика Британија и Франција.
Прочитај повеќе

Експерт од „Опен еј-ај“ стана главен научник во „Мета“ на Закерберг
Шенгџија Жао беше дел од тимот кој работеше на оригиналната верзија на популарниот четбот ЧетГПТ.
27.07.2025

„Опен еј-ај“ ќе им помага на државите во развој на вештачката интелигенција
Компанијата предводник во сферата на вештачката интелигенција преку нов проект ќе соработува со влади за изградба на центри за податоци и приспособување на ВИ-алатки на локални јазици.
07.05.2025

Растот на центрите за податоци е неодржлив без зелена енергија
Експлозивна потрошувачка на струја поради вештачката интелигенција, како ќе се обезбедува во иднина?
20.06.2025

Битка за податоци – регионот Адрија во потрага по сопствена вештачка интелигенција
Ова повеќе не е прашање на технолошки избор, туку предуслов за раст.
27.06.2025

Подемот на вештачката интелигенција ја менува енергетската мапа на светот
Зошто центрите за податоци користат повеќе електрична енергија од повеќето индустрии
10.06.2025
Во меѓувреме „Опен еј-ај“ се стреми да ги прошири своите комерцијални операции во Европа, каде што се соочува со многу построги регулативи и поголем скептицизам кон технологијата од Силициумската Долина. Во мај „Опен еј-ај“ го објави планот за проширување на својот препознатлив проект за центар за податоци „Старгејт“ во странство.
„Опен еј-ај“ ќе инвестира во изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција во странство
Во денешното соопштение се наведува дека норвешкиот проект ќе биде „меѓу најзначајните“ инвестиции во инфраструктурата за ВИ во Европа. И Велика Британија претходно објави планови за „Зони за раст на ВИ“, секоја со капацитет од 500 мегавати. Француската влада во мај вети дека ќе изгради кампус за вештачка интелигенција од 1,4 гигават во близината на Париз.
Првичниот европски „Старгејт“ е засенет од напорите на „Опен еј-ај“ на други места, вклучувајќи го и ветувањето од пет гигавати од првата меѓународна база во Обединетите Арапски Емирати. Американскиот проект „Старгејт“ има за цел капацитет од 4,5 гигавати, објави претходно „Блумберг њуз“. За тој напор „Опен еј-ај“ и неговите партнери, вклучувајќи ги „Софтбанк“ и „Оракл“, ветија дека ќе потрошат дури 500 милијарди долари. „Опен еј-ај“ не сподели никакви инвестициски планови за норвешкиот проект.
„На Европа ѝ е потребна повеќе компјутерска технологија за да го реализира целосниот потенцијал на вештачката интелигенција за сите Европејци - од програмери и истражувачи до стартапи и научници - и ние сакаме да помогнеме да се случи тоа“, изјави извршниот директор на „Опен еј-ај“, Сем Алтман. „Секогаш велев дека би сакале да го донесеме ‘Старгејт’ во Европа ако условите се соодветни и мислиме дека ги пронајдовме“.
Компаниите имаат цел до крајот на 2026 година да испорачаат 100.000 графички процесорски единици на „Енвидија“ за обработка во центарот за податоци и подоцна и да го зголемат бројот на чипови. Компаниите не посочија временска рамка за изградба. „Акер“ и „Енскејл“, британски стартап формиран минатата година, ветија по околу една милијарда долари за финансирање на почетната фаза од проектот од 20 мегавати.
Центарот ќе биде изграден во Квандал, сместен покрај еден од норвешките фјордови, и ќе се напојува со обновлива енергија.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...