text size
Како што технолошките компании вложуваат во вештачка интелигенција (ВИ), така сè поголема пречка станува електричната енергија, а не алгоритмите. Според најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), глобалната потрошувачка на електрична енергија во дата-центрите до 2030 година се очекува да се зголеми повеќе двојно, достигнувајќи 945 терават часови, што е речиси колку целокупната годишна потрошувачка на Јапонија денес. Речиси половина од овој пораст ќе биде поттикнат од вештачката интелигенција, главно поради енергетски интензивното тренирање на модели и работата на чипови забрзани со вештачка интелигенција.