„Водафон“ (Vodafone Group Plc) соработува со „Гугл“ (Google) на „Алфабет“ (Alphabet Inc.) за на своите клиенти во Европа и во Африка да им донесе услуги во облак, алатки за генеративна вештачка интелигенција и сајбер-безбедност.
Десетгодишното проширување на постојното партнерство ќе придонесе „Водафон“ да промовира претплати за складирање во облак на Гугл, вклучувајќи го и „Гугл уан еј-ај премиум“ (Google One AI Premium), кој дава пристап до четботот Џеминај (Gemini), се наведува во соопштението на операторот.
„Водафон“ со седиште во Британија исто така ќе им покажува на клиентите како да ги користат најновите функции за вештачка интелигенција на уредите „пиксел“ (Pixel) во своите продавници.
Прочитај повеќе
Величковиќ од „Гугл дип мајнд“ за ББА: ВИ може многу, ама е далеку од Ајнштајн
Главна способност што моментално недостига во системите за вештачка интелигенција е доверливото расудување.
05.09.2024
Властите во САД размислуваат за расцепкување на „Гугл“ како антимонополска мерка
Необично решение за расцепкување на „Гугл“ (Google) на „Алфабет“ (Alphabet Inc.) е една од опциите што ги разгледува Министерството за правда.
14.08.2024
„Опен еј-ај“ тестира нови функции за пребарување со вештачка интелигенција
Новата опција, наречена СрчГПТ, ќе биде објавена како прототип достапен на веб-прелистувачот.
29.07.2024
ВИ ги зголеми штетните емисии на „Гугл“ за 48 отсто во последните пет години
Емисиите на „Гугл“ пораснаа за речиси 50 отсто во последните пет години.
05.07.2024
„Мајкрософт“ и „Гугл“ профитираат на крилата на ВИ и облак-технологии
„Мајкрософт“ и „Алфабет“, сопственик на „Гугл“, во четвртокот испратија јасна порака до инвеститорите...
26.04.2024
„Тоа е делумно поради тоа што природата на уредот и природата на искуството што луѓето го имаат со уредот ќе се променат бидејќи вештачката интелигенција станува многу поистакната на уредот“, рече Томас Куријан, главен извршен директор на „Гугл клауд“ (Google Cloud). „Гугл“ и „Водафон“ работат „да им олеснат на луѓето да ги искусат тие работи и да донесат одлука за купување“.
Телекомуникациските провајдери се обидуваат да ги диверзифицираат своите текови на приходи нудејќи дигитални услуги покрај конекција. Правејќи го тоа, тие се стремат да имитираат дел од успехот на големите технолошки компании што имаат акумулирано огромни профити додека многу оператори заостануваат.
„Водафон“ исто така ќе ја користи технологијата на „Гугл“ за да ги подобри пребарувањето, препораките и целењето со реклами за својата услуга „Водафон ТВ бокс“ (Vodafone TV box) и да развие нов производ за сајбер-безбедност во облак за деловни корисници, се наведува во соопштението.