Букурешт и Романија се единствените од Централна и Источна Европа што се најдоа на листите на градови и земји рангирани како врвни локации за стартапи базирани на вештачка интелигенција во 2024 година. Платформата за иновативна економија „Стартапблинк“ (StartupBlink), која со години ги следи стартап-екосистемите во светот ги објави 50. најдобри града и 21. земја што се истакнуваат во стартап-индустријата за вештачка интелигенција.
Рангирањето е изведено од алгоритам заснован на објективна методологија, која овозможува компаративно мерење низ региони, земји и градови. Ниту една земја и град од регионот Адрија не се најдоа на двете листи.
„Во првите десет града за вештачка интелигенција, шест се од САД и три се од Кина, што е одраз на влијанието на пријателските политики на овие земји кон вештачката интелигенција за разлика од Европа“, констатираат од „Стартапблинк“.
Прочитај повеќе
Група стартапи сакаат да им помогнат на слепите да прогледаат
Низа стартапи постигнуваат напредок во технологијата што може да им помогне на пациентите со сериозни проблеми со видот.
17.11.2024
Македонски студенти создадоа иновативна платформа за автомобили
Искусен маркетер вложи 25.000 долари во нивниот стартап и веќе се размислува за пробив на светскиот пазар.
01.10.2024
Ќе се олицетворат ли конечно ангелите на македонските бизниси?
Во подготовка е долгоочекуваниот закон што ќе го регулира финансирањето преку бизнис-ангелство.
19.09.2024
Глобална ранг-листа: Пад на македонскиот стартап-екосистем, како е во регионот?
На првите три места, како и минатата година, се пласираа Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Израел.
19.09.2024
За Романија и Букурешт се нагласува дека влегуваат меѓу најдобрите за вештачка интелигенција иако кога станува збор за општиот стартап-екосистем се рангирани многу подолу на листите. Инаку, кога станува збор за екосистемот за стартапи со вештачка интелигенција, Романија ги надминува европските нации како Норвешка, Холандија, Финска, но и азиските технолошки гиганти како Јужна Кореја, Јапонија и Тајван.
Кои се најдобри еднорози од областа на вештачката интелигенција?
Инаку, „Стартапблинк“ направи рангирање и на еднорозите од областа на вештачката интелигенција, а на првото место на листата се најде „Опен еј-ај“ (Open AI). Оттаму нагласуваат дека при оценувањето не се зема предвид само вредноста на компанијата туку и други критериуми, како што се големината на тимот што стои зад компанијата и посетеноста на веб-страниците.
Финансирањето стартапи базирани на вештачка интелигенција во 2024 година се предвидува да биде значително помало годинава.
„До средината на 2024 година достигна 26,6 проценти од вкупната сума во 2023 година, што укажува на остар пад на инвестициската активност годинава“, посочуваат од „Стартапблинк“.
Како стоиме во глобалниот стартап-екосистем?
„Блумберг Адрија“ неодамна пишуваше дека Македонија се најде на 77-то место на листата од 100 земји рангирани во новиот извештај Глобален стартап-екосистем за 2024 година, што е пад за седум места во однос на претходната година. Од земјите од регионот Адрија, подобри од нас се Хрватска (на 48-то место), Словенија (на 51-то место) и Србија (на 53-то место), а полошо е рангирана само Босна и Херцеговина (на 96-то место). На првите три места, како и минатата година, се пласираа Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Израел.
Извештајот што секоја година го подготвува истражувачкиот центар „Стартапблинк“ врз база на повеќе параметри има цел да им помогне на носителите на политики во јавниот сектор во носењето подобри одлуки за развој на стартап-екосистемите, како и да им помогне на менаџерите при одлуките за лоцирање на нивните стартапи. Во извештајот се рангираат и стартап-екосистемите во илјада града во светот. Скопје е единствениот град од земјава што е рангиран, а се најде на 537-то место, што е пад од дури 80 места во однос на 2023 година. Од регионот Адрија се рангирани вкупно десет града, а најдобар пласман има Белград, на 181-то место.