„Епл“ (Apple Inc.) брза да развие поразговорна верзија на својот дигитален асистент Сири (Siri), со цел да ги достигне ЧетГПТ (ChatGPT) на „Опен еј-ај“ (OpenAI) и други гласовни услуги, според луѓе запознаени со ова прашање.
Новиот Сири, за кој детали не се објавени, користи понапредни модели на големи јазични модели (LLMs) за да овозможи пофлуидни разговори, посочија извори што побараа да останат анонимни бидејќи потфатот не е официјално објавен. Системот исто така ќе може побрзо да се справи со покомпликувани барања, рекоа тие.
Ажурирањето на 13-годишната услуга Сири е дел од напорите на „Епл“ да стане сила во вештачката интелигенција (ВИ). Компанијата ја претстави својата многу рекламирана платформа „Епл интелиџенс“/ЕИ (Apple Intelligence/AI) минатиот месец, но сè уште недостигаат многу од функциите што ги нудат другите технолошки гиганти.
Прочитај повеќе
„Епл“ за следната година најави нов евтин ајфон
„Епл“ (Apple Inc.), веднаш по објавувањето на „ајфон 16“, се подготвува да најави нов евтин телефон на почетокот на следната година.
02.10.2024
ЕУ му наложи на „Епл“ да го отвори оперативниот систем на ајфоните
„Епл“ доби предупредување од Европската Унија да ги отвори своите строго заштитени оперативни системи.
19.09.2024
„Ајфон 16“ се обидува да привлече купувачи со недовршена вештачка интелигенција
„Епл“ го претстави најновиот модел на својот водечки уред, „ајфон 16“.
10.09.2024
Вештачката интелигенција на „Епл“ внесе оптимизам кај скептиците
Сите големи технолошки компании се обидуваат да го убедат Волстрит дека ќе бидат главен играч во сферата на вештачката интелигенција (ВИ).
22.07.2024
Новиот гласовен асистент, кој на крајот ќе биде додаден на „Епл интелиџенс“, е наречен ЛЛМ Сири (LLM Siri) од оние што работат на него. Големите јазични модели (LLMs) - основа на генеративната вештачка интелигенција - се хранат со огромни количества податоци за да идентификуваат шеми и да одговараат на прашања.
„Епл“ го тестира надградениот софтвер на уредите ајфон, ајпад и мек како посебна апликација, но технологијата на крајот ќе го замени интерфејсот на Сири што корисниците го користат денес. Компанијата планира да ја објави преработката најрано во 2025 година, како дел од претстојните ажурирања на софтверот иос 19 (iOS 19) и мекос 16 (macOS 16), кои внатрешно се нарекуваат Лак (Luck) и Чиар (Cheer), посочуваат изворите.
Како и „Епл интелиџенс“ оваа есен, функциите нема да бидат вклучени во новите уредив веднаш следната година. Наместо тоа, „Епл“ моментално планира да го објави новиот Сири за корисниците најрано во пролетта 2026 година, околу година и пол отсега. Бидејќи „Епл“ сè уште има неколку месеци до објавувањето на планот, времето и функциите може да се променат.
Портпарол на „Епл“ од Купертино, Калифорнија, одби да коментира.
Иако „Епл“ најави „почеток на нова ера“ за Сири кога првпат ја претстави својата платформа ЕИ во јуни, компанијата сè уште не го преработи целосно софтверот. Надградбите што го придружуваа „Епл интелиџенс“ беа главно козметички, вклучувајќи нов блескав интерфејс што им покажува на корисниците кога го активирале асистентот. Има и опција за пишување команди - наместо да се изговараат - и способност подобро да ги разбира корисниците.
Додека компанијата работи на таа нова технологија, следниот месец ќе го додаде ЧетГПТ на „Епл интелиџенс“. Подоцна „Епл“ планира да понуди дополнителни опции за четбот, како што е Џеминај (Gemini). Идејата зад новиот Сири е да ги донесе овие видови способности, со заштита на приватноста на корисниците. Но компанијата сè уште може да продолжи да нуди пристап до системи за вештачка интелигенција од трети страни што обезбедуваат специјализирани способности или информации.