Вториот обид за слетување на Месечината на „Ајспејс“ (Ispace Inc.), со седиште во Токио, не успеа откако се изгуби контактот, што претставуваше удар за растечката комерцијална вселенска индустрија на Јапонија.
Модулот за слетување на „Ајспејс“ – „Резилиенс“ (Resilience) не забави навреме и многу е веројатно дека направил тешко и тврдо слетување на Месечината, според зборовите на раководителите. Акциите на компанијата се очекува да паднат до нивниот дневен лимит во денешното тргување во Токио.
Обидот за слетување, чиј пренос во живо го гледаа повеќе од 17.000 луѓе, беше најавуван како знак за ренесанса во вселенските операции на Јапонија. Неговиот неуспех фрла сенка врз следната мисија на „Ајспејс“, а раководителите велат дека влијанието таму е неизвесно.
Прочитај повеќе

Дали сме подготвени за живот некаде далеку во галаксијата?
Во последниве години астрономите открија дека нашата галаксија е преполна со планети што се сосема различни од сè друго во нашиот Сончев Систем. Една таква егзотична планета е K2-18b.
01.06.2025

Ербас доби договор од 150 милиони фунти за слетување европски ровер на Марс
„Ербас“ ќе гради платформа за слетување што ќе испорача ровер произведен во Велика Британија на Марс за мисија со која што се бараат знаци на живот.
29.03.2025

Астронаути на НАСА се вратија на Земјата откако со месеци беа заглавени во вселената
Двајца астронаути на НАСА што поминаа девет месеци во орбитата конечно се вратија на Земјата во капсула на компанијата „Спејс екс“ на Илон Маск.
19.03.2025

Безос испраќа жени во вселената - што е со оние на Земјата?
Пред 8 Март, компаниите објавуваат инспиративни слогани за јакнење на женските права, организираат панели за женско лидерство...
08.03.2025

Кина се труди да го стигне Илон Маск во вселената
Претседателот Шји Џјинпинг сака од Кина да создаде вселенска сила, но предноста на „Спејс екс“ на Маск е сѐ уште преголема.
25.12.2024
Губењето на контактот непосредно пред да се очекува слетувањето на модулот го доведе основачот и главен извршен директор Такеши Хакамада близу до солзи. „Но, не мислам дека ова е време за плачење“, рече тој на прес-конференција. „Треба да ги решиме овие проблеми и да постигнеме резултати во следните Мисија 3 и Мисија 4.“
Мисијата следи по неуспешниот обид во 2023 година, кога програмска грешка доведе до пад на вселенското летало. Доколку обидот беше успешен, „Ајспејс“ ќе беше првата компанија надвор од САД што безбедно паркирала вселенско летало на Месечината. Конкурентите со седиште во Тексас, „Интуитив машинс“ (Intuitive Machines Inc.) и „Фајрфлај аероспејс“ (Firefly Aerospace Inc.), веќе го сторија тоа, додека земјите се тркаат да ја истражат Месечината.
Bloomberg Mercury
Споредувајќи ги резултатите на „Ајспејс“ со тие на американските конкуренти, главниот финансиски директор Џумпеи Нозаки рече: „Принудени сме да признаеме дека заостануваме“.
Јапонското летало беше лансирано во вселената во јануари со една од ракетите „Фалкон 9“ (Falcon 9) на „Спејс икс“ (SpaceX), предводени од Илон Маск. Ракетата, исто така, лансираше лендерско летало од „Фајрфлај“ кое слета на површината на Месечината во март.
Се очекуваше и „Резилианс“ да го испрати својот ровер, наречен „Тенасиус“ (Tenacious), кој е опремен со камера со висока резолуција и лопата за собирање лунарен реголит и пренесување податоци назад до лендерското летало. „Ајспејс“ потпиша договор во 2020 година со НАСА за да ѝ обезбеди на американската агенција реголит собран на површината на Месечината.
На бродот за слетување се наоѓа корисен товар за различни намени, вклучувајќи комеморативна плоча од „Бандаи намко рисрч институт“ (Bandai Namco Research Institute Inc.) - подружница на компанијата за забава што стои зад брендовите за игри како „Пaкмен“ (Pac Man) и „Гaндам“ (Gundam) - и експериментална опрема како што е уред за издвојување на водород од вода.
Приемот на дури 238 милиони јени (1,7 милиони долари) од проценетиот товар од 16 милиони долари сега може да биде загрозен, соопшти компанијата.
Bloomberg Mercury
„Ајспејс“ планира почесто да испраќа своите лендери на Месечината почнувајќи од 2027 година, со цел да транспортираат товар два или три пати годишно, според Хакамада. Планот се базира на неговата верба дека луѓето би можеле да почнат да заработуваат од можноста за живот на Месечината уште во 2040-тите.
Хакамада во интервју пред обидот за слетување рече дека Јапонија ќе ги изгуби можностите за барање нов раст ако одбие да ги прифати неуспесите како природен тек.
„Би било огромна загуба за нашето општество ако неуспесите само ги обесхрабрат храбрите обиди и искушенија “, рече тој.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...