„Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) ќе ја прошири својата физичка инфраструктура за да усовршува сопствени модели на вештачка интелигенција, со кои се надева дека ќе им биде конкурентен на „Опен еј-ај“ (OpenAI), „Антропик“ (Anthropic) и други компании.
Компанијата ќе направи „значителни инвестиции“ во сопствени кластери на компјутерска моќ за усовршување на моделите, изјавил директорот за ВИ-потрошувачи Мустафа Сулејман на состанок со вработените во четвртокот.
За компанија од големината на „Мајкрософт“ е клучно да има свои капацитети за вештачка интелигенција доколку одлучи така, им рекол Сулејман на вработените, велат анонимни извори. Тој додал дека „Мајкрософт“ ја следи стратегијата на истовремено продлабочување на врските со „Опен еј-ај“, партнерства со други развивачи на модели и изградба на споствени.
Прочитај повеќе

Успешен квартал за „Мајкрософт“: Втор технолошки гигант што достигнува 4 трилиони долари
Најновите резултати на компанијата потврдија дека е лидер во областа на вештачката интелигенција...
31.07.2025

„Мајкрософт“ предупредува на хакерски напади врз „шерпоинт“
Хакерските напади би можеле да ги загрозат државните институции, универзитетите и мултинационалните компании
22.07.2025

Големите технолошки компании се враќаат на возачкото место на индексот S&P 500
Истите технолошки гиганти што помогнаа индексот S&P 500 во април да дојде до работ на мечкиниот пазар сега му даваат поттик со закрепнувањето на американските акции.
02.06.2025

Нов подвиг на „Мајкрософт“: Новиот дата центар ќе го гради со „зелен“ цемент
Новиот договор со американскиот стартап овозможува „Мајкрософт“ да ја намали сопствената емисија на ЦО2.
25.05.2025

„Мајкрософт“ има одговор на скапите модели за вештачка интелигенција
Новиот модел постигнува конкурентни резултати со значително помала потрошувачка на меморија и енергија.
30.04.2025
„Мајкрософт“ одби да коментира.
Најголемиот светски производител на софтвер досега најмногу се потпираше на големите јазични модели на креаторот на ЧетГПТ (ChatGPT) за да ги поддржи своите производи. Сепак, се појавија знаци на тензии меѓу компаниите, бидејќи секоја од нив лансира конкурентни производи и бара дополнителни партнери. Коосновачот на „Дипмајнд“ (DeepMind), Мустафа Сулејман, минатата година му се приклучи на „Мајкрософт“ за да го води развојот на сопствени модели и да создаде потрошувачка франшиза насочена кон вештачка интелигенција.
Минатиот месец „Мајкрософт“ го објави првиот од своите големи јазични модели развиени под раководство на Сулејман. Тој бил усовршуван на 15.000 чипа H100 на „Енвидија“ (Nvidia Corp.). Напредните модели на „Мета платформс“ (Meta Platforms Inc.), „Гугл“ (Google) на „Алфабет“ (Alphabet Inc.) и на „Екс еј-ај“ (xAI) на Илон Маск користеле од шест до десет пати поголеми кластери, додал Сулејман, сугерирајќи дека „Мајкрософт“ го создал својот модел поефикасно.
Планот на „Мајкрософт“ е кон сите свои производи да пристапи со повеќемоделен концепт, користејќи го ВИ-моделот што го претпочитаат корисниците, додал извршниот директор Сатја Надела. Неделава „Информејшн“ (The Information) објави дека компанијата планира да користи модели на „Антропик“ во некои од своите производи.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...