„Мајкрософт“ стана втората компанија во светот што достигна пазарна капитализација од 4 трилиони долари откако објави квартални заработки што ги надминаа очекувањата на Волстрит, што доведе до пораст на акциите во четвртокот.
Акциите на технолошкиот гигант скокнаа дури за 8,2 отсто во раното тргување во Њујорк, зголемувајќи ја неговата пазарна вредност на 4,1 трилиони долари. „Енвидија“ ( Nvidia Corp) стана првата компанија што ја достигна таа пресвртница претходно месецов.
„Мајкрософт“ го добива признанието што го заслужува бидејќи е оперативен систем за работа. Сите ние ги водиме нашите бизниси на „Мајкрософт“ со Ворд (Word), со Аутлук (Outlook), со Ексел (Excel), рече Ким Форест, главен инвестициски директор во „Боке капитал партнерс ЛЛЦ“ (Bokeh Capital Partners LLC). „Резултатите од овој квартал укажуваат на уште подобра позиција за ’Мајкрософт’ бидејќи, како и за ’Енвидија’, се чини дека нема замена“.
Прочитај повеќе

Успешен квартал за „Мајкрософт“: Втор технолошки гигант што достигнува 4 трилиони долари
Најновите резултати на компанијата потврдија дека е лидер во областа на вештачката интелигенција...
31.07.2025

„Мајкрософт“ предупредува на хакерски напади врз „шерпоинт“
Хакерските напади би можеле да ги загрозат државните институции, универзитетите и мултинационалните компании
22.07.2025

Големите технолошки компании се враќаат на возачкото место на индексот S&P 500
Истите технолошки гиганти што помогнаа индексот S&P 500 во април да дојде до работ на мечкиниот пазар сега му даваат поттик со закрепнувањето на американските акции.
02.06.2025

Нов подвиг на „Мајкрософт“: Новиот дата центар ќе го гради со „зелен“ цемент
Новиот договор со американскиот стартап овозможува „Мајкрософт“ да ја намали сопствената емисија на ЦО2.
25.05.2025

Индустријата на игри за мобилен оди од крајност во крајност - или има бум или остар пад
Трошоците на мобилните гејмери лани се зголемија за четири проценти, дури и во услови кога бројот на преземања и нови изданија се намали.
14.05.2025

Најновите резултати на компанијата потврдија дека е лидер во бумот на вештачката интелигенција, што во последните неколку години ги подигна акциите на мегакапитализираните технолошки компании, како и на поширокиот пазар. „Мајкрософт“ објави подобар раст од очекуваниот во својот бизнис со облак (од англиски: cloud), а нејзината внимателно следена пресметковна единица Азур (мерка за компјутерската моќ или капацитетот за обработка на облачен сервер или друг компјутерски ресурс. Таа го квантифицира количеството на работа што серверот може да ја изврши во дадено време, земајќи ги предвид факторите како што се перформансите на процесорот, капацитетот на меморијата и брзината на складирање, н.з.) забележа пораст на продажбата од 39 отсто, лесно надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите од 34 проценти.
Во разговор со аналитичарите, главната финансиска директорка Ејми Худ рече дека „Мајкрософт“ очекува капиталните расходи во првиот фискален квартал да бидат повеќе од 30 милијарди долари, а растот на приходите во текот на целата година да биде двоцифрен. Покрај тоа, се очекува Азур да оствари стапка на раст од 37 проценти во првиот квартал, што е над прогнозите.
Инвеститорите го поздравуваат преголемото трошење за инфраструктурата за вештачка интелигенција. „Мета“ исто така ја зголеми долната граница на својата прогноза за капиталните расходи за 2025 година и даде рана насока за трошењето во 2026 година. Акциите на сопственикот на Фејсбук пораснаа дури за 13 отсто, додавајќи повеќе од 223 милијарди долари на пазарната капитализација на гигантот на социјалните медиуми - доколку растот се задржи, ова би било неговото најголемо зголемување на пазарната вредност во еден ден досега.
Bloomberg Mercury
Акциите се втори и трети најдобри меѓу таканаречените величествени седум годинава. Од падот на 8 април, кога заканите на претседателот Доналд Трамп со царини предизвикаа поширока распродажба на пазарот, акциите скокнаа за повеќе од 50 отсто и се тргуваат на рекордно високо ниво.
Оваа година означи еден вид закрепнување за акциите на „Мајкрософт“. Тие заостануваа зад своите конкуренти во 2024 година и првиот квартал од 2025 година, единствената акција во минус на величествените седум за тој период, бидејќи инвеститорите се загрижија за нејзината позиција на вештачката интелигенција и растот на Азур.
Волстрит е во голема мера оптимист за акциите на „Мајкрософт“, при што 68 од 72-та аналитичари што ја следат компанијата ѝ даваат рејтинг „купи“, а еден ѝ дава рејтинг „продај“, според податоците собрани од „Блумберг“.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...