text size
Се зголемуваат шансите за рецесија во еврозоната и САД, предвидуваат финансиските аналитичари. Она што беше само непосакуван страв прераснува во извесна реалност. Светската економија влезе во фаза на неизвесност по руската инвазија на Украина од кога се наруши глобалниот синџир, па високите стапки на инфлација комбинирани со помалата економска активност ги подгреваат економските очекувања за полош перформанс на речиси сите економии. Македонската економија годинава оствари раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 2,4 проценти во првиот квартал, откако регистрираше негативна стапка на раст минатата година.