text size
Ќе го следат ли цените на храната во земјава светскиот тренд? Во последните пет месеци, светските индекси покажуваат поевтинување на основните прехранбени продукти, додека во истите тие месеци цените во земјава уриваа рекорди. Анализираме кои се можните ценовни тенденции, откако во август кога беше измерена рекордна инфлација во земјава од 16,8 отсто, цената на храната поскапе за околу 26 проценти.