Индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи зголемување од 4.8 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, највисок раст има кај цените на храната од 6,8 отсто.
Прочитај повеќе

Инфлацијата во еврозоната остана на посакуваните два отсто
Инфлацијата во еврозоната се задржа на целното ниво на ЕЦБ, што ги поддржува аргументите на официјалните лица, кои велат дека нема брзање за натамошно намалување на каматните стапки.
01.08.2025

Народната банка ги задржа каматите, инфлацијата е забрзана
Со оваа одлука се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, велат од НБРМ.
30.07.2025

Инфлацијата во САД повторно под очекувањата и покрај притисокот од царините
Базичната инфлација во САД во јуни повторно изненади надолу, покажувајќи помал раст од очекуваното петти месец по ред.
15.07.2025

Забревтан раст на инфлацијата во Македонија: Трошоците зголемени за 4,5 проценти
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година, изнесува 0,8 проценти.
07.07.2025

Платите во Македонија растат, но куповната моќ стагнира три години
Реалната куповна моќ во Македонија споредено со просекот на ЕУ е на исто ниво три години по ред.
09.07.2025
На месечно ниво, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот изнесува 1.1 отсто.
„Повисоката инфлација во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 9.9 отсто, рекреација и култура за 2.1 отсто, ресторани и хотели за 1.2 отсто, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 отсто, здравје, храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 отсто и облека и обувки, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 отсто“, соопшти ДЗС.
Во јули пониски цени за 0.1 отсто се измерени само кај алкохолот, тутунот, наркотиците и кај ставката разновидни стоки и услуги и алкохолни пијалаци, тутун и наркотици.
Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
За разлика од земјава, инфлацијата во еврозоната во јули се задржа на целните два отсто.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...