Индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година во однос на јуни 2024 година, бележи зголемување од 4,5 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,7 проценти, соопшти Државниот завод за статитстика.
Оттаму додаваат дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година, изнесува 0,8 проценти.
Повисоката инфлација во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 2,9 проценти, рекреација и култура, храна и безалкохолни пијалаци за 1,1 процент, разновидни стоки и услуги (0,9 проценти), мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата (0,8 проценти) , ресторани и хотели (0,5 проценти), здравје (0,3 проценти), комуникации, облека и обувки (0,2 процнет) и домување, вода, електрика, гас и други горива (0,1 процент).
Прочитај повеќе

Понизок раст и повисока инфлација – НБРМ ги ревидира прогнозите
Наместо 3,3 отсто, НБРМ проектира дека БДП до крајот на годината ќе порасне за три проценти
20.06.2025

Дизелот поевтинува откако значајно поскапе минатата недела
РКЕ ги намали цените на дизелот за 2,5 денари.
27.06.2025

Ќе стане ли поскапата нафта „алиби“ за вжештување на инфлацијата?
Потресите на Блискиот Исток посредно дефинитивно се чувствуваат и во Македонија.
18.06.2025
Трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Според ДЗС, цените на мало во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година се зголемиле за 1,1 процент.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...