Индексот на трошоците на животот во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи зголемување од 4,4 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,1 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, изнесува 0,2 проценти.
„Зголемувањето на инфлацијата во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 2,1 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,7 проценти, храна и безалкохолни пијалаци и разновидни стоки и услуги за 0,6 проценти, рекреација и култура за 0,3 проценти и алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 процент“, соопшти ДЗС.
Прочитај повеќе

Инфлација во Македонија: Осум града, осум производи, осум брзини на цените
Споредивме каква е годишната промена на цените на осум основни прехранбени производи во осум поголеми македонски града.
27.08.2025

Во јули сѐ поскапело – инфлацијата се искачи на 4,8 отсто
На месечно ниво, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот изнесува 1.1 отсто
07.08.2025

Инфлацијата во еврозоната остана на посакуваните два отсто
Инфлацијата во еврозоната се задржа на целното ниво на ЕЦБ, што ги поддржува аргументите на официјалните лица, кои велат дека нема брзање за натамошно намалување на каматните стапки.
01.08.2025

Народната банка ги задржа каматите, инфлацијата е забрзана
Со оваа одлука се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, велат од НБРМ.
30.07.2025
Во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 3,1 проценти, облека и обувки за 0,6 проценти, здравје и образование за 0,1 проценти.
Трошоците на животот во групите домување, вода, електрика, гас и други горива и комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...