text size
Обновливите извори на енергија забележаа извонреден раст во изминатата деценија, при што капацитетот за производство енергија од ветер и сонце се зголеми со годишна стапка од 13 и 26 отсто (соодветно) на глобално ниво. Во регионот Адрија во 2023 година капацитетите достигнаа 2,3 GW за сончева енергија и 1,9 GW за енергија од ветер, што е за 687 и 455 отсто повеќе од пред десет години, се наведува во најновата анализа на аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ што се однесува на производството на енергија од сонце и ветер.