Регион

Македонците најмалку вложуваат во крипто, Србите први во Адриа

Автор: Владимир Николоски

02. Август 2022, 22:45

Во крипто инвестирале 1,3 проценти од вкупната популација во Македонија

На врвот се Србија со 1,9 проценти и Словенија со 1,7 проценти од популацијата

Големи добивки, огромни загуби и се поголема издржливост

Македонците најмалку вложуваат во крипто, Србите први во Адриа

Depositphotos

Владимир Николоски

Во услови кога крипто пазарот доживеа своевиден колапс, „Блумберг Адриа“ анализираше колку се заинтересирани граѓаните од регионот за инвестирање во овие виртуелни валути и какви се очекувањата за нивната вредност во иднина. Нашите наоди покажуваат дека македонските граѓани се на дното на листата меѓу земјите од регионот Адриа, рангирани по бројот на сопственици на крипто валути. Анализата покажа и дека заинтересираноста на граѓаните од овие простори за инвестирање во овие инструменти е помала од онаа на граѓаните во големите западни економии.

Србите најбројни инвеститори

Според сервисот TripleA, во Македонија има 26.705 сопственици на крипто валути или 1,3 проценти од вкупната популација инвестирала пари на виртуелниот пазар. Најголем број инвеститори меѓу земјите од регионот Адриа има Србија (1,9 проценти од вкупното население). Регионот заостанува во однос на крипто инвестиции, со просек од 1,6 проценти на крипто-инвеститори во вкупното население. Тоа е зад просекот на ЕУ од 3,3 проценти од популацијата, а многу подолу од поразвиените пазари (САД и Германија со 14 проценти и 6 проценти, соодветно).

Нестабилен пазар

Според аналитичкиот тим на „Блумберг Адриа“, крипто валутите покажаа значителна нестабилност во 2022 година, одејќи рака под рака со негативните ставови и одбивноста на глобалните инвеститори кон високи ризици. Криптото го допре дното на крајот од првата половина од 2022 година, откако дел загубите беа надоместени.

Блумберг Галакси Крипто Индексот (Bloomberg Galaxy Crypto Index) забележа годишен пад од 54 проценти, но по неодамнешното будење забележа пораст од 43 проценти во однос на дното од крајот на првата половина од 2022 година. Биткоинот има годишен пад од 49 проценти, но се зголеми за 32 проценти од средината на јуни, кога доживеа најниско ниво во 2022 година.

Аналитичарите на „Блумберг Адриа“ сметааат дека крипто пазарот е речиси 4 пати понестабилен отколку движењата на берзанскиот индекс S&P 500. Според нив, нестабилноста најчесто во практиката се мери преку стандардна девијација, која што годинава покажува вредност од 4,3 проценти за Bloomberg Galaxy Crypto Index наспроти 1,3 проценти за S&P 500, при што вториот веќе е показател за ризични средства со оглед на тоа што претставува индекс на бидејќи е индекс на капитал.

„Неодамнешниот пораст на крипто валутите е силно поттикнат од проценката на инвеститорите дека најголем дел од основните негативни фактори се веќе пресметани во цените, што е во согласност со заедничкиот развој на глобалните финансиски пазари (на пр. S&P исто така е во пораст во последните недели). Исто така, поттик има и од претпоставките за среднорочен нагорен потенцијал и очигледно атрактивните нивоа на цените по кои сега може да се инвестира во крипто средства“, сметаат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адриа“.

Неодамнешниот пораст на криптовалутите доаѓа поради обновениот интерес на инвеститорите - интересот за Биткоин сега е на највисоко ниво од ноември 2021 година.

Интересот го одразува бројот на фјучерс договори што ги поседуваат учесниците на пазарот на крајот од дневното тргување. Тој се користи како индикатор за одредување на расположението и силата на пазарот надвор од ценовните трендови.

Очекувања          

Нашите аналитичари сметаат дека има повеќе позитивни отколку негативни изгледи во однос на инвестирањето во крипто валутите, но главно е дека многу работи ќе зависат од одговорот на прашањето дали ќе има рецесија.

Имено, движењето на вредноста на крипто валутите се покажа дека зависи од глобалната економија. Така што, додека тлее претпоставката дека најслабиот период во глобалната економија допрва доаѓа и особено ако постои неизвесност дека постојаната инфлација плус геополитичките ризици би можеле да поттикнат одбивност кон ризикот, изгледите за поризични средства, вклучително и крипто, ќе бидат негативни. Спорадичното закрепнување на акциите и криптовалутите зависи од тоа како ќе се манифестира рецесијата, односно кога би почнала и колку би била длабока ќе биде таа.

Аналитичкиот тим на „Блумберг Адриа“ смета дека е позитивно што Биткоин зема замав на својот пат да стане глобално прифатено средство како колатерал во финансиските трансакции. Една од причините за тоа е што тргувањето со Биткоин никогаш не запира и се тргува и за време на викендите, што не е случај со другите финансиски средства.

Bloomberg
 

Уште еден позитивен аспект, е што Биткоин закрепнува, откако го достигна дното на 50 проценти од својот годишен просек. Не треба да се занемари и дека нестабилноста на крипто пазарот паѓа во однос на пазарот на акции. Имено, претходно се тврдеше дека криптовалутите се многу нестабилно средство, но факт е дека нивната нестабилност се намалува.

Блумберг Галакси Крипто Индексот (BGCI) моментално е двојно понестабилен од NASDAQ, што во споредба со врвот од околу осум пати во јули-август 2021 година е многу подобро остварување во однос на стабилноста и е добра основа за напредок.

Во однос на ликвидацијата на позициите, аналитичарите проценуваат дека вишокот понуда ќе биде елиминиран. Тие објаснуваат дека теоретски, рударите акумулираат позиции за време на периоди на мечка и продаваат за време на периоди на бик, меѓутоа, периодот од јуни 2021 до март 2022 година се карактеризира со големи нето акумулации на Биткоин.

„Ова создаде значителен вишок на понуда. Оваа вишок понуда сега ќе се претпоставува дека ќе бидат елиминирани како резултат на движењето на мечката на пазарот на криптовалути во првата половина на 2022 година, што доведе до тоа многу маргинални рудари да бидат принудени да ги прекинат операциите бидејќи нивната профитабилност беше под притисок“, се вели во анализата на „Bloomberg Adria“. 

Сите новости од рубриката Анализа

Алкалоид АД Скопје
Компании

Алкалоид АД Скопје

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

28.06.2022

КОСТАЛ Македонија
Компании

КОСТАЛ Македонија

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е една од водечките компании на глобално ниво за производство на електронски и мехатронски компоненти за автомобилската индустриј

27.06.2022

Анализа

сите новости од рубриката Анализа